[ФОТО] Ова е најскапото „Bentley“ во историјата! Еве колку ќе чини

Точка

07/05/2024

17:22

6.284

Големина на фонт

а а а

„Bentley“ го тргна кровот од својот ултра-ексклузивен „Batur“ за да го создаде својот најскап автомобил досега, и еден од најмоќните кабриолети со внатрешно согорување кој доаѓа од Британија.

Новиот спуштен кров е трета линија на модел по нарачка од одделот на „Bentley“ за изработка на каросерија „Mulliner“, по купето на кое се базира и „Bacalar barchetta“, со кој е тесно поврзан, иако, за разлика од вториот, овој нов модел има кров на вовлекување.

Ќе бидат направени само 16 примероци, а секој ќе има екстремни нивоа на персонализација и ќе го чини својот сопственик повеќе од 2 милиони и 300 илјади евра.


Само 16 примероци

Изведен од „Continental GT“, новиот двосед ќе биде еден од последните автомобили со 6.0-литарскиот „W12“ мотор на „Bentley“ со двоен турбополнач, чие производство завршува на лето.

Тука, како и во „Batur Coupe“, направен е да дава 740 коњски сили и 1.000 Nm, додека „Bentley“ не дава многу податоци за перформансите, се очекува дека од 0 до 100 км/ч ќе развива за 3,4 секунди, а дека најголемата брзина ќе му биде 336 км/ч.


Ниту еден примерок нема да биде ист, со опсегот на персонализација која ја нуди „Mulliner“, што значи дека купувачите се ограничени само од својата имагинација кога станува збор за дизајнот на новиот автомобил, пренесува „Autocar“.

Може да се избере боја и материјал за практично секоја површина, велат од „Bentley“, со бесконечен избор на боја во понудата, заедно со рачно насликана графика, различни видови на завршна обработка на метални облози на каросеријата, па дури и омбре-ефект за предната решетка.


Исто така купувачите може да изберат материјал кој се користи за самиот кров, а кокпитот може да биде украсен во целост со 3Д испишани украсни елементи од злато.

Потврдата дека „Batur Convertible“ ќе биде еден од последните модели со најголемиот мотор на „Bentley“ сугерира дека „W12“ сè уште не е подготвен за пензија, а дополнителни специјални изданија би можеле да дојдат пред компанијата да го замени моторот со новото V8 хибридно издание за своите темелни модели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг