[ФОТО] Му ја „украл“ на колегата и повеќе не ја пушта: Бред Пит конечно фатен со 25 години помладата девојка

Точка

04/05/2024

19:38

13.729

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер бил забележан во текот на романтична прошетка со својата девојка со која успешно се крие од фотографите веќе две години.

Холивудскиот актер Бред Пит (60), се труди да не го експонира својот приватен живот после разводот од Анџелина Џоли во 2016 година, па неговиот живот после крахот на бракот не е толку познат.

Одредено време тој беше поврзуван со актерката Алаја Шокат, а никогаш не беше потврдено дека тие биле повеќе од пријатели, а потоа наводно бил во врска со мажената германска инфлуенсерка Никол Потуралски, но веќе две години се пишува дека Пит е во врска со дизајнерката на накит Инес де Рамон (34).

Таа во времето кога почнаа да го поврзуваат со неа била во брак, а годинава ја завршила бракоразводната парница со актерот Пол Весли.

Бред и Инес се трудат да ја зачуваат својата приватност, но сега американските папараци успеале да ги фатат во романтичен момент, додека прегрнати шетаат.

Актерот носел кафе во рацете, а делувале многу опуштено заедно. Ова не е првпат папараците да ги фатат заедно, но во претходните прилики се труделе да не се допираат.


Пит и Инес првпат заедно биле забележани на концерт во Лос Анџелес во ноември 2022 година, а неколку денови подоцна извор близок до парот за „People“ изјавил дека тие се гледаат неколку месеци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг