Исидора до олтарот ја однел нејзиниот татко: Досега невидена фотографија од тајната венчавка на Сергеј Трифуновиќ – а еве колку години таткото е постар од зетот

Точка

18/05/2024

12:04

5.114

Големина на фонт

а а а

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора постојано објавуваат фотографии од нивната тајна венчавка која се одржала минатиот викенд.

Новопечената госпоѓа Трифуновиќ во нова објава открила дека до олтарот ја придружувал нејзиниот татко Зоран, кој од актерот е постар само 13 години.

Исидора на „Инстаграм“ објавила фотографија на која се гледа како нејзиниот татко ја носи до младоженецот, кому му ја предава неговата ќерка.


На фотографијата се таткото и ќерката со насмевки на лицата, а во описот стои: „Од што и да се направени нашите души, неговата и мојата се исти“.

Да потсетиме, Сергеј Трифуновиќ и Исидора Мијановиќ се венчале на 12 мај во Топчидер, во црквата Св. апостол Петар и Павле.


Откако се ветиле на вечна љубов, тие прославиле во кафеана заедно со најблискиот круг на пријатели.

Невестата блескала во венчаница со бели детали од чипка, додека младоженецот облекол темносив сатенски костум. Исидора потоа се преслекла во црна комбинација, па младенците позирале пред црквата.


За нивната романса со денови се шушкало во јавноста, а сите биле изненадени од веста дека застанале на лудиот камен, иако актерот не така одамна ја запросил својата поубава половина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг