„Netflix“ најави нови епизоди од серијата која гледачите ја прогласија за ремек-дело

Точка

17/05/2024

20:40

4.013

Големина на фонт

а а а

На 21-ви март оваа година, серијата „3 Body Problem“ пристигна на „Netflix“ и за краток период стана најгледана ширум светот. Од 25-ти до 31-ви март корисниците ја гледале серијата вкупно 115 милиони часа.

Затоа и не е толку неочекувано што пристигнуваат нови епизоди. Питер Фридлендер од „Netflix“ потврди дека „дале зелено светло за повеќе продолженија“.

„Извонредната „3 Body Problem“, оживеана од вештите раце на Дејвид Бениоф, Ден Вајс и Александар Ву, ќе се вивне до никогаш видени височини“, изјавил тој, пренесува „The Hollywood Reporter“.

Гледачите со воодушевување ја споделија веста на „Х“.

„Најдобрата одлука што можеа да ја донесат“, „Едвај чекам“, пишувале тие.

За што станува збор во серијата?

„3 Body Problem“ се темели на истоимената книга од Лиу Цисин. Објавени се 8 епизоди, а главните улоги ги толкуваат Бенедикт Вонг, Џес Хонг, Џован Адепо, Еиза Гонзалес, Зин Ценг и други.


Приказната следи група научници кои се подготвуваат за најголемата закана со која се соочило човештвото. Је Венџи (Ценг) е астрофизичарка која видела како нејзиниот татко е брутално убиен во текот на Кинеската културна револуција. Години подоцна, таа е регрутирана во армијата и е дел од тајна мисија чија цел е воспоставување контакт со вонземјани.

Серијата започна да се снима во 2022 година во Лондон, Њујорк и Кина и требаше да излезе минатата година, но креаторите инсистирале да снимат уште една сцена која првично не била во сценариото. Тогаш се случи штрајкот во Холивуд, кој го одложи снимањето на таа сцена, како и објавувањето на серијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг