[ВИДЕО] На забава направиле влез за инфлуенсери со повеќе од 1 милиони следбеници и налутиле многумина

Точка

04/05/2024

15:32

4.497

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Реган Курсес, која на ТикТок има повеќе од 1,3 милиони следбеници, објавила вирално видео во кое покажала веб-шопот "Revolve" на својата "вип забава" направил посебен влез за инфлуенсери кои имаа повеќе од 1 милион следбеници.

Имено, на забавата постоел и друг влез, оној за инфлуенсери со помалку од милион следбеници, а Реган во знак на протест ја напуштила забавата.

„Ја напуштам забавата поради овој знак. Веројатно повеќе никогаш нема да бидам повикана на ниедна од нивните забави, но...се гледаме кога ќе стигнам дома“, порачала таа во снимката која собрала повеќе од 25,7 милиони прегледи и 4,2 милиони лајкови.

"Revolve" нема милион следбеници

Глетката налутила многу инфлуенсери, а тиктокерите забележале дека ни "Revolve" нема толку следбеници на ТикТок.

„Revolve не можел да присуствува на својата сопствена забава“, гласи еден од коментарите, а многумина ја пофалиле Реган поради нејзиниот потег.




Спонзорирани линкови

Маркетинг