[ВИДЕО] Поранешен министер 2 часа ја тепал сопругата во ресторан: Жената паднала и повеќе не ја кренала главата, камерите ги забележале последните моменти од животот

Точка

01/05/2024

20:17

10.975

Големина на фонт

а а а

Судот во Казахстан објавил видео на кое се гледа како некогашниот министер за економија до смрт ја тепа сопругата во еден ресторан.

На видеото се гледа како Куандик Бишимбаев (43) брутално ја тепа Салтанат Нукенова (31) во ресторан којшто припаѓал на некој негов роднина.

Видеото било спроведено пред Врховниот суд во земјата во првото судење за убиство кое се пренесувало на социјалните мрежи. Судењето го шокирало Казахстан и навело десеттина илјади граѓани да потпишат петиција за построги казни за насилство во семејството.

Бишимбаев, кому му се заканува казна до 20 години затвор, тврдел дека неговата сопруга починала кога паднала и удрила со главата во тоалет на 9 ноември минатата година. Меѓутоа, видеата од надзорните камери се целосно спротивни на неговите тврдења затоа што се гледа како политичарот ја тепа со тупаници и нозе својата беспомошна сопруга подолго од два часа.

Политичарот минатата среда конечно признал дека ја претепал сопругата и „ненамерно“ ја предизвикал нејзината смрт.

На видеото се гледа како тие се расправаат пред ресторанот во казахстанската престолнина. Бишимбаев луто ја тепа и ја влече сопругата за коса, а потоа ја удира четири пати додека е на земја. Потоа ја фаќа за вратот и ја удира по главата. Нукенова се обидува да стане, меѓутоа, тој повторно ја шутира и ја влече за коса.

Друго видео, кое го забележала камерата во предворјето на ресторанот, го прикажува министерот како продолжува со својот брутален напад. Ја фаќа сопругата за врат и ја влече зад аголот. Се гледа како Нукенова паѓа на земјата и се обидува да отползи додека сопругот ја фаќа за коса и ја влече во собата.

„Бишимбаев продолжил да ја тепа. Ја зграбил сопругата за врат и почнал да ја дави после што таа ја изгубила свеста“, изјавил обвинителот во текот на судењето минатиот месец. Бишимбаев потоа наводно мирно седнал да јаде.

Нукенова била пронајдена мртва како последица на трауматична повреда на мозокот, следното утро, во една од ВИП кабините на ресторанот.

Нукенова била третата сопруга на политичарот. Медиумите наведуваат дека нападот следел откако таа јасно му дала до знаење на политичарот дека сака да го напушти.

Нукенова повеќе пати се обидела да го напушти сопругот, тврдејќи дека повеќе пати била претепувана од негова страна.

Судењето продолжува!




Спонзорирани линкови

Маркетинг