[ВИДЕО/ФОТО] Први фотографии од словачкиот премиер по атентатот! На носилки го носат во болница

Точка

15/05/2024

18:03

3.950

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска беше ранет во пукање во местото Хандлова, на околу 150 километри од Братислава.

Влезот во Итната помош во Рузвелтовата болница го оградила полицијата. Присутни се и министерката за здравство Зузана Долинкова и началникот на Министерството за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток.


Словачките медиуми навеле дека е уапсен атентатор (71) и дека е од градот Левице во Словачка.


Идентификуван напаѓачот

Дневникот „Хосподарске новини“ и порталот „Плус“ јавиле дека напаѓачот го идентификувале како Јурај Ц од Левице, место во близина на унгарската граница.


Главниот обвинител Марош Жилинка веднаш по пукањето изјавил дека напаѓачот ќе биде соодветно казнет.


Напаѓачот, пренесуваат словачките медиуми, испукал неколку куршуми во премиерот и наводно го погодил во гради и стомак.

На снимката се гледаат петмина полицајци кои во општ хаос и паника го апсат напаѓачот.

На снимката се гледа како полицијата, но и обезбедувањето во цивилка го совладуваат атентаторот и го соборуваат на земја, додека граѓаните кои се нашле тука се обидуваат да им се тргнат од патот.