Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Точка

15/05/2024

17:21

578

Големина на фонт

а а а

Шпаркасе Банка АД Скопје за првпат годинава ќе организира Летна академија Vibe On за студенти, која ќе претставува можност за стекнување нови знаења, запознавање со банкарско работење, со корпоративно и благајничко работење, како и дружење со вработените од Банката.

Летната академија на своите учесници ќе им овозможи едукација во областа на банкарството, размена на искуства и знаења, личен и професионален развој, како и дружење и забава. Станува збор за програма наменета за сите студенти што се во трета или четврта/завршна година од своите додипломски студии како и за студенти што се на магистерски студии на кој било универзитет во земјата. Академијата ќе се одржи во Охрид, ќе трае десет дена, во периодот од 1 јули до 10 јули 2024 година.


Уникатен и особено важен дел од Летната академија е што учесниците ќе бидат дел од програмите за развој на банкарски производи и ќе можат со своите идеи и знаења да придонесат во креирање нови решенија. Истовремено ќе можат да ги покажат своите преговарачки и продажни вештини преку конкретни работни задачи доделени од менторите и да придонесат во креирање целокупна развојна политика на едно комплетно решение.

По завршување на Летната академија, секој учесник ќе добие Сертификат за учество, а учесниците ќе станат потенцијални кандидати за платена практика во Шпаркасе Банка како и за идно вработување.

Сите заинтересирани студенти што сакаат да стекнат теоретско и практично искуство, ќе имаат можност да се пријават на hr@sparkasse.mk во периодот од 14-26 мај и да станат потенцијални учесници во Летната академија организирана од Шпаркасе Банка.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг