[ВИДЕО] Каков цар: Погледнете во што се возел низ поплавените улици на Дубаи

Точка

21/04/2024

11:03

11.741

Големина на фонт

а а а

Малку е да се каже дека ова не се гледа често. Да се видат поплавени улици на Дубаи е неверојатна појава, а кога на сето тоа ќе го додадете еден од најегзотчните хиперспортски автомобили, добивате сцени од кои не би се засрамиле ни холивудските филмови.

Снимката доаѓа од Дубаи, а прикажува скапоцен "Pagani" додека вози. Возачот и веројатно сопственик на премоќниот италијански болид наидува на водена препрека. Кратко се премислува и носи одлука да премине со истиот автомобил, со што ризикува можен дефект, па и хаварија на моторот.

Дури и најмала поправка на автомобил изработен по нарачка како што е Пагани со себе носи голема сметка. А тука зборуваме за модел кој е произведен во само 99 примероци, кој работи на моќен 6.0 AVG V12 мотор кој дава 864 коњски сили. Цената на овој автомобил во старт надминува два милиони евра.


За разлика од "Pagani", изгледа дека "Nissan Patrol" нема проблем со преминување на водените препреки. Иако парите сигурно не се проблем за возачот на "Pagani", сигурно нема многу сопственици кои се подготвени на таков ризик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг