Овој модел на "Mercedes" не се произведува веќе една година... и никој не ни забележа

Точка

23/07/2024

23:16

13.429

Големина на фонт

а а а

Тоа беше еден од првите модели на глобални аспирации. Електричниот кросовер се појави со неколку задоцнувања некаде пред доаѓањето на кризата со коронавирусот и остана на пазарот само неколку години. Сфатен како електрична верзија на моделот "GLC", што на крајот и беше. овој модел се избори на премиум пазарот со фер понуда во однос на вложеното и добиеното.

Сепак, "EQC" очигледно не ги задоволи апетитите на "Mercedes" и моделот беше повлечен од пазарот. И никој не ни забележа. Имено, дури сега, одговарајќи на прашањата на колегите од "Motor1", "Mercedes" потврди дека последниот примерок од моделот е произведен во вториот квартал од минатата година. Ова го потврди Јан Вебер, меѓународниот портпарол на под-брендот "EQ".


Индикации дека такво нешто ќе се случи, претходно објави "Business Insider", кој во 2022 година објави дека моделот ќе биде укинат во мај 2023 година. Интересно, Мерцедес не реагираше до овие денови.


EQC се враќа

Сепак, ова име не исчезна засекогаш. "EQC" наводно се враќа, но како име за сосема поинаков модел. Тоа ќе биде ривал на Tesla Model 3, кој го најави концептот "Vision EQXX". Ќе биде со големина на класичниот "CLA", а ќе се базира на платформата "Modular Mercedes Architecture".




Спонзорирани линкови

Маркетинг