[ВИДЕО] Прекрасна аеродинамика: Со „само“ 300 коњски сили можел да достигне над 400 km/h!

Точка

24/07/2024

13:42

10.372

Големина на фонт

а а а

На "Bugatti" му требаше мотор од над 1.000 коњски сили за да ја пробие границата од 400 км/ч. Само околу триста беа доволни за овој автомобил.

Осум литри, 16 цилиндри, четири турбини и дури 1001 коњски сили му беа потребни за "Veyron" на "Bugatti" да ја мине границата од 400 km/h. "MG EX181" го направи истото уште во 1959 година со мотор од само 300 коњски сили.

А за работите да бидат уште поинтересни, MG во својот автомобил вградил стандарден 1 ,5 мотор со 69 коњски сили и потоа го засилил.

Така, моќноста е зголемена на 304 коњски сили, што е на исто ниво со денешниот "Golf R". Сепак, тоа што го прави овој експериментален автомобил посебен е неговата аеродинамика. Коефициентот на влечење е само 0,12.

За споредба, "Mercedes EQS", пофален за аеродинамиката од прва класа, има коефициент на отпор од 0,20.

Тест концептните возила на јапонската марка "Daihatsu" достигнаа 0,17, што им овозможи да поминат 72 километри со еден литар гориво!


Поради таквата добра аеродинамика, на овој автомобил му требаат само 29 коњски сили за да достигне 160 km/h. Фил Хил, поранешниот шампион во Формула 1, со него постигна рекордна брзина од 409 км/ч.

Едно време, тој рече дека автомобилот е толку аеродинамичен што ако ја тргнеш ногата од педалата за гас само малку ќе го забави автомобилот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг