На листата на „Тајм“ за 100 највлијателни луѓе на светот се најде и македонката Светлана Мојсов – еве за што е заслужна

Точка

19/04/2024

11:05

15.407

Големина на фонт

а а а

Светлана Мојсов, научен вонреден професор, од страна на Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година.

Тие им оддаваат почит на уметниците, иноваторите, лидерите и пионерите во различни области.

Инаку, Мојсов е светски познат научник чие истражување на хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин довело до револуционерни термини за дијабетес и дебелина.


Светлана е жената која стои зад лекот блокбастер Оземпик, лек за дебелина, заслужна за откритието на хормонот ГЛП-1 (GLP-1). Таа долго време се борела за признавање на својот придонес, но наградите ги добивале други наместо неа, сѐ додека не почнала правна битка. После години борба, конечно, минатата година почнало да се пишува за неа како за жена која е најзаслужна за откривање на ГЛП-1, хормон кој фармацевтската компанија „Ново нордиск“ го претворила во лек против дијабетес и дебелина.

Инаку, Светлана е родена во Скопје, а дипломирала хемија во Белград, уште во поранешна Југославија.

„Иновативните методи и клучните сознанија на Мојсов доведоа до идентификација на пептид сличен на глукагон (ГЛП-1), цревниот хормон кој предизвикува панкреасот да лачи инсулин. Нејзините откритија се основата на револуционерните лекови наречени ГЛП-1 агонисти кои ги трансформираа клиничките третмани за дијабетес и дебелина. Пример за оваа класа лекови се Оземпик, Виктоза и Вегови“, објави Универзитетот.

„Комисијата беше импресионирана и од остроумноста на Светлана во хипотезата дека пептидот во ГЛП-1 може да биде клучниот регулатор на инсулинот и нејзината истрајност во тестирањето на таа хипотеза“, вели Мајкл В. Јанг, претседател на комисијата за избор и професорите Ричард и Џин Фишер од Универзитетот во „Рокфелер“.


„Се разбира, нејзиното истражување, исто така, доведе до моќни нови терапии за третман на дијабетес и дебелина“, додава професорот.

Пред неколку дена Светлана ја доби наградата „Перл Мастер Грингард“ за 2024 година за нејзиното истражување на хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин, обзнани Универзитетот „Рокфелер“.

Мотивирани од иницијативата „Да направиме место за вистински да се поврземе“ на Македонски Телеком, во рубриката „Добри вести“ на Точка ќе споделуваме приказни кои го осветлуваат позитивното, надежното и инспиративното. Да #НаправимеМесто за посветло утре, за повеќе разбирање, емпатија и блискост.