Професорка по психологија од Харвард за токсичната продуктивност и како да ја препознаете

Точка

16/04/2024

12:38

3.313

Големина на фонт

а а а

Професорката по психологија на Харвард и терапевтка за анксиозност и депресија, д-р Натали Кристин Датило, сретнала многу луѓе во нејзината кариера кои покажуваат знаци на токсична продуктивност.

„Еднаш, студентка по медицина ми призна дека доколку не била на работ од слом, се чувствувала како да не работи доволно напорно. Извесен извршен директор ми рече дека го фатило паника и се чувствувал како да губи драгоцено време чекајќи децата да се јават од училиште. Софтверски инженер ми раскажа како понекогаш прескокнувал оброци од страв да не заостане зад своите колеги“, изјавила таа за „CNBC“.


Продуктивноста станува токсична кога се чувствуваме под притисок да бидеме продуктивни во секое време и кога даваме приоритет на листата на обврски, на сметка на нашата благосостојба. Иако не е вистинска дијагноза, овој начин на размислување може да влијае на физичкото и менталното здравје, во некои случаи доведува до анксиозност, депресија, исцрпеност, несоница или проблеми со самодовербата.

Постојат најмалку пет знаци кои укажуваат на тоа дека страдате од токсична продуктивност, а тие се:

1. Постојано сте во движење


Чувството на итност може да предизвика анксиозност бидејќи делот од мозокот одговорен за откривање закани чувствува итност и погрешно го толкува сигналот како „опасност, активирајќи го одговорот „бори се или бегај“.

2. Се чувствувате виновни или засрамени затоа што не сте направиле доволно

Токсичната продуктивност предизвикува вина и срам затоа што нè тера да веруваме дека сè што сме направиле не било доволно добро.


3. Ја одредувате сопствената вредност според тоа колку сте биле продуктивни

Нивоата на продуктивност варираат од ден на ден, често од причини кои се надвор од нашата контрола. Кога мислите дека денес сте потполно бескорисни, давате до знаење дека го цените вашето чувство за сопствена вредност според тоа колку сте продуктивни.


4. Тешко ви е да се опуштите или да направите пауза

Продуктивноста често носи пофалби и награди кои ослободуваат хемикалии за добро чувство, како што е допаминот, во телото.

Стануваме зависни од метежот и со текот на времето можеме да се опуштиме или одмориме од работа.

Доколку страдаме од токсична продуктивност и си дозволиме такви моменти, може да се чувствуваме вознемирено или раздразнето.


5. Се занемарувате себеси

Доколку сметате дека грижата за себе е губење време, можеби страдате од токсична продуктивност. Ова вклучува занемарување на вежбањето, сонот и одморот, здравите оброци, односи или времето за игра и задоволство.

Создадете рутина пред спиење која вклучува активности кои водат до тоа полесно да заспиете, како што се слушање релаксирачка музика, читање книга, водење дневник, капење или туширање или пак пиење билен чај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг