[ФОТО] Ќерката на Бен Афлек официјално го променила името од женско во машко: Себеси се декларира како небинарна личност, ова е нејзиното ново име - а вака изгледа

Точка

10/04/2024

09:10

10.024

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Бен Афлек и Џенифер Гарнер и официјално го променила името. Оваа 15-годишна девојка која се викала Серафина Роуз, сега се претставува како Фин.

Тинејџерката за првпат ѝ се претставила на јавноста со своето ново име минатиот викенд за време на комеморацијата на нејзиниот дедо Вилијам, односно таткото на Џенифер Гарнер.

„Здраво, моето име е Фин Афлек“, изговорила 15-годишната ќерка на познатиот пар кога застанала пред говорницата на методистичката црква во Чарлстон, по што прочитала неколку стихови од Библијата.

Серафина, односно Фин, како што гласи нејзиното ново, машко име, носела црн костум, бела кошула и црна вратоврска, а косата и била скратена сосема кратко – изгледала како вистинско момче.


Инаку, таа е средното дете на Бен Афлек и Џенифер Гарнер, а парот за време на бракот ги добил и ќерката Вајолет Ен (18) и синот Семјуел (12).

Да потсетиме, девојчето во февруари годинава ја изненадила целата јавност појавувајќи се ишишана практично ќелава и со розова боја на косата. Притоа, таа го променила и имиџот, почнала да се облекува многу мажествено, а сега, за само два месеци отишла во уште подрастична насока.


Инаку, помладата ќерка на Афлек се декларирала како небинарна личност во 2023 година, кога почнала да го нагласува момчешкиот стил на облекување и да ја скратува косата. Промената на нејзиното име во Фин, ја „запечатило“ трансформацијата.

Американските медиуми пишуваат дека Ема Муњиз Лопез, ќерката на Џенифер Лопез, имала најголемо влијание врз родовото определување на Серафина, помагајќи ѝ да го прифати фактот дека е „поинаква“.


Да потсетиме, Џеј Ло во јуни 2022 година на сцената на настанот „Blue Diamond Gala“ се појавила заедно со нејзината ќерка, претставувајќи ја користејќи родово неутрални заменки.

Ема и Фин се врснички и блиски пријателки, а биле воодушевени од бракот на нивните родители, пред сè затоа што совршено се совпаѓале и наводно си ги промениле животите една на друга“. Извори блиски до семејството Лопез-Афлек истакнале дека тинејџерките „се пронашле“ бидејќи и двете се декларираат на ист начин, односно како небинарни личности, што значи дека не се идентификуваат со ниту еден од конвенционалните полови. Девојките поминуваат многу време заедно, а во неколку наврати биле видени и како се држат за рака.




Спонзорирани линкови

Маркетинг