[ФОТО] Пејачката Мартија Станојковиќ го прослави 20-от роденден: Сподели и фотографија со момчето

Точка

08/04/2024

14:20

4.633

Големина на фонт

а а а

Македонската пејачка Мартија Станојковиќ која на јавноста ѝ е позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу за талентирани деца – „Пинкови ѕвездички“, го прослави својот 20 роденден.

Пејачката сподели неколку фотографии од роденденската забава која ја направила со своите најблиски пријатели.

Преслатката Мартија на забавата носела црна маичка, кратко тексас здолниште и црни сандали, а изгледот го надополнила со минималистичка шминка и златен накит, па без сомнеж можеме да кажеме дека изгледала прекрасно.


На една од фотографиите која ја објави на Инстаграм стори, Мартија напиша: „Добредојдовте 20-ти“.

Имено, за роденденот Мартија сподели и заедничка фотографија со своето момче, Матеј Казаков, додека во рацете држела голем букет со цвеќе.


Воедно, ова е една од ретките фотографии од парот поради тоа што Мартија својот приватен живот го чува подалеку од јавноста.