„Lamborghini“ има ново лого

Точка

29/03/2024

10:17

7.064

Големина на фонт

а а а

И „Lamborghini“ се приклучи на сè поголем број произведувачи кои одлучија да претстават ново лого.

Рецептот е познат, а тоа е поедноставување на изгледот на логото во склад со актуелните трендови поврзани со дигиталните услуги. Преведено, тридимензионалниот отпечаток повеќе не е во мода, како ни користењето на тешки графики со детали.

„Храбро, неочекувано и автентично“, така во „Lamborghini“ го најавуваат првиот редизајн на амблемот по повеќе од две децении.

Важното е дека подивениот бик и натаму е тука. Новиот корпоративен идентитет носи само редизајн на постоечкото решение. И тоа е добро, бидејќи и постоечкото лого е без мани, исто како и автомобилот кој го претставува.

Automobili Lamborghini – Our new brand identity

After over two decades, we have renewed our historic logo. The restyling is driven to adapt the brand's visual expression with the "brave," "unexpected," and "authentic" values of our "Driving Humans Beyond" mission. It is part of an ongoing process of evolution, initiated with our Direzione Cor Tauri strategy, which aims to implement changes that involve not only our super sports cars but also our entire corporate identity.


Discover more: lam.bo/New_CI/CD_Fb

Posted by Lamborghini on Thursday 28 March 2024

Веќе присутен на дигиталните платформи

Новото лого веќе се користи на дигиталните платформи на „Lamborghini“ и предвиден е за користење на претстојните модели.

Претпоставките сугерираат дека би можел да го има своето деби на наследникот на „Huracan“, кој се очекува во претстојните месеци со плаг-ин хибриден V8 мотор. Потоа ревидираниот амблем ќе ги краси постоечките модели, како „Revuelta V12“ или редизајнираниот „Ururs“.

Уште една значајна промена е дека „бикот“ сега ќе стои сам на дигиталните канали на „Lamborghini“, прв пат одвоен од штитот.