Голем број производители ги променија своите планови за електрификација во минатото.
Кризата на пазарот очигледно никого не одминува, па "Lamborghini" сега се приклучи на практично бескрајната серија на компании.
Имено, познатиот бренд планира да го одложи лансирањето на својот прв електричен модел за една година, што го потврди и извршниот директор на оваа компанија.
Во изјавата која штотуку го обиколи светот, Стефан Винкелман изјави дека електричното возило со знакот на бикот ќе пристигне во салоните во 2029 година наместо во 2028, објави "Reuters".
Иако со децении е познат по аеродинамичните купеа и моќните V мотори, првите електрични автомобили на италијанскиот бренд нема да бидат класични суперавтомобили.
Според сегашните планови, тоа ќе биде изведба "Grand Tourer" со четири седишта, моделот кој минатата година го најави фотогеничниот концепт "Lanzador".
Сепак, популарниот "Lambo" не вети дека целосно ќе ги напушти моторите со внатрешно согорување до одреден датум, така што просторот за адаптација и оптимизам на традиционалистите сè уште постои.