[ФОТО] Ријана повторно се одлучи за промена: Пејачката изненади со втора нова фризура за само неколку дена

Точка

27/03/2024

13:00

5.696

Големина на фонт

а а а

Откако Ријана неодамна ја скрати својата долга руса коса во пикси фризура, таа сега повторно изненади со промена на фризурата.

Пејачката во вторникот се појави на хуманитарен настан во западен Холивуд, а само неколку дена откако реши да го промени имиџот - повторно изненади со нова промена на себе.

Убавицата од Барбадос носела разбушавена пунџа со неколку прамени кои ѝ го врамувале лицето. Со оглед на тоа што неодамна се појави во јавноста со многу пократка коса, веројатно за вчерашниот настан таа носела перика.

Ријана била облечена во долг црн фустан, предимензионирана кожна јакна и сребрени отворени сандали на потпетица.

Фотографите претходно ја снимија во Санта Моника додека пристигнувала на деловен состанок, а нејзината кратка фризура беше наречена „естетика на богата баба“.

Таа била облечена полежерно, а изгледот го комплетирала со очила за сонце и накит.

Ријана веќе подолго време е фокусирана на својот бренд „Fenty Beauty“, за кој најави дека ќе биде достапен во Кина од 1-ви април оваа година.

Неодамна во реклама со неа се појави нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, со кој има два сина - Рајот и РЗА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг