Еден од омилените зеленчуци кај нас е зелката - не е скапа, а претставува ризница на елементи потребни за телото. Зелката, како и секој друг зеленчук, има најмногу хранливи материи во свежа состојба. Таа е одлична за варењето и метаболизмот воопшто, го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на телото полесно да се избори со стресот.
Иако кај нас најчесто во зима се јаде кисела зелка во облик на сарми или подварок, а во летната сезона во салата, не е лоша идеја да испробате едноставен рецепт кој ја „претвора“ зелката во месо.
Шницлите од зелка можете да ги послужите како главно јадење, со салата или некој прелив.
- 1 главица зелка
- 1 лажичка сол
- маслиново масло
- 1 лажичка црн бибер
- 300 мл. теријаки или соја сос
- 1 лажица путер
- 1 лажичка лук во прав
- мешавина од салата (како гарнир)
1. Главицата зелка поделете ја по должина на парчиња идентични на големина, да личат на шницли.
2. Пропржете го секое парче зелка на путер додека не порумени, а потоа префрлете ги на плех, премачкајте ги со маслиново масло и додајте им сол, бибер и лук во прав. Печете на 200 степени.
3. Откако ќе омекнат и ќе се потпечат, парчињата зелка премачкајте ги со теријаки или соја сос.
4. Послужете со мешавина од салата и зачинете со маслиново масло.