[ФОТО] Убавицата од Барбадос има нов имиџ: Ријана со нова храбра промена, погледнете како изгледа

Точка

24/03/2024

13:02

10.908

Големина на фонт

а а а

Најновите фотографии од славната Ријана која од почетокот на кариерата го носи прекарот „убавицата од Барбадос“, предизвикаа мноштво реакции на социјалните мрежи бидејќи пејачката сега изгледа сосема поинаку.

Станува збор за драстична промена на имиџот – таа ја скратила долгата коса и ја бојадисала во руса нијанса.


Ријана била фотографирана во Санта Моника додека одела на деловен состанок, а била облечена во полежерно издание.


Долгата коса ѝ беше заштитен знак на пејачката уште од појавувањето на музичката сцена, а откако стана мајка таа е склона кон храбри промени. Ријана и раперот АСАП Роки имаат два сина – Рајот и РЗА.


Веќе подолго време таа е фокусирана на својот бренд „Fenty Beauty“ кој од 1-ви април ќе биде достапен и во Кина, а дали новиот имиџ е поврзан со некоја кампања за брендот, останува да видиме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг