[ФОТО/ВИДЕО] Кристина ја посетила егзотичната Кенија и доживеала неверојатни ситуации: Лавови растргнале човек, од него останал само черепот и патиките, а вака изгледа сиропиталиштето за слонови

Точка

26/04/2024

19:00

8.588

Големина на фонт

а а а

Егзотичните патувања се хит во последните години, а благодарение на социјалните мрежи имаме можност да дознаеме повеќе за тие оддалечени краеви на светот, кои кријат големи природни убавини.

Така, овојпат „TikTok“ нè однесе во Кенија, каде што се наоѓа оваа српска инфлуенсерка.

Имено, Кристина Павловиќ со задоволство своите авантури ги споделува на социјалните мрежи, а нејзиното патување во Кенија привлекло големо внимание.


„Што се однесува на целокупниот впечаток можам да кажам дека сум фасцинирана, но и шокирана и дека ова патување е можеби најдоброто што сум го доживеала досега. Културата, менталитетот и начинот на живот на овие луѓе се толку различни, што доживеав вистински културен шок“, изјавила Кристина.

„За почеток, можам да кажам дека сафарито генерално е безбедно, велам генерално, затоа што Националните паркови кои ги посетуваме се природни живеалишта на диви животни. Доаѓаме кај нив, практично како гости и тие обично нема да реагираат, само ќе поминат покрај нас или ќе седат под сенка, но никогаш не се знае. Имено, никогаш не можеме да знаеме дали нешто ќе ги поттикне во одреден момент и ќе изреагираат бурно, ќе скокнат во комбе, џип или што и да е“, ја започнала Кристина својата приказна, а потоа открила детали од еден немил настан:


„Она што со сигурност знам дека се случило, неодамна, лав изел еден возач. Возачот сам тргнал кон Националниот парк, а комбето се заглавило во калта. Не можел никого да добие преку радиостаницата, па излегол и застанал надвор да погледне што се случува. Поточно, колку гумата длабоко потонала во кал – во истиот момент бил нападнат од лав, кој го изел. Ги погледнав фотографиите, буквално од човекот останал само черепот и потколеницата со патика“, раскажала Кристина во еден здив.

А она што таа особено го издвоила како највпечатлив дел од ова патување е сиропиталиштето за слонови!


„Сиропиталиштето за слонови би го посочила како едно од најпосебните искуства кои сум ги доживеала во животот. Доколку планирате да дојдете овде неопходна ви е резервација бидејќи посетата е можна само во периодот од 11 до 12 часот за да не се наруши мирот на овие животни. Влезот е 20 долари, но таксата која ќе мора да ја платите е 40 долари бидејќи самото сиропиталиште е во рамките на Националниот парк за кој секогаш треба да се плати такса, која генерално е исклучително скапа.

Сите приходи од влезниците, сувенирите, но и самото посвојување одат во сиропиталиштето.

„Што се однесува до женскиот носорог, таа овде има само 1,5 година и ми остави најсилен впечаток. Буквално се стопив“, напишала Кристина.


Нејзините авантури во Кенија можете да ги погледнете на нејзините профили на социјалните мрежи, а во коментари напишете ни која необична дестинација вие ја имате посетено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг