[ФОТО] Шакира снимена во текот на излегувањето со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Точка

27/03/2024

10:16

1.854

Големина на фонт

а а а

Шакира овој вторник била снимена во текот на излегувањето со британскиот актер Лусиен Лависконт во Њујорк, откако одржа изненаден и бесплатен концерт на Тајмс Сквер.

Парот излегол на вечера во италијанскиот ресторан „Carbone“, а колумбиската пејачка за оваа прилика избрала целосно црно издание. Таа искомбинирала корсет на врзување со кожни детали со сатенски карго панталони и потпетици на платформа.


Пред ова излегување, пејачката се појави на Тајмс Сквер каде настапи пред 40.000 луѓе, а нејзината сет листа вклучуваше хитови како „Hips Don't Lie“ и „Te Felicito/TQG“

Шакира ги изненади своите следбеници со „поп-ап“ концерт најавен само неколку часа претходно на социјалните мрежи.

Излегувањето на вечера доаѓа откако Лусиен, ѕвезда на серијата „Emily in Paris“, се појави во спотот на Шакира за песната „Punteria“.

Колумбиската пејачка претходно направи хаос на мрежите споделувајќи фотографии со Лависконт, а парот позираше во многу интимно издание.

Шакира неодамна проговори за „повторната изградба“ на својот живот по разделбата со Пике. Таа претходно изјави дека се чувствува како да доживува ренесанса во кариерата, а нејзиниот долгоочекуван 12-ти студиски албум „Las Mujeres Ya No Lloran“ беше објавен на 22-ри март.

Во разговор за „The Times“, Шакира го опиша проектот како „трансформација на болката во креативност, фрустрацијата во продуктивност, гневот во страст, ранливоста во отпорност“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг