[ВИДЕО] Швајцарија победи на Евровизија 2024, хрватскиот претставник Бејби Лазања го освои второто место

Точка

12/05/2024

01:55

6.621

Големина на фонт

а а а

Заврши финалето на 68-от Избор за песна на Евровизија, а победата ја однесе претставникот на Швајцарија – Немо, изведувајќи ја песната „The Code“.

Во текот на вечерта имаше одлични настапи, музика која ги освои срцата на луѓето ширум светот, жестока борба и уште послатка победа.

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен. Победникот беше решен врз основа на гласовите на стручното жири и гласовите на публиката во сооднос 50:50. По гласовите на жирито, прва беше Швајцарија, поточно нејзиниот претставник Немо со песната „The Code“.


На второто место е Хрватска со 547 бодови. Третото место го зазеде Украина со 453 поени. Најлоша беше Норвешка, која беше на самиот крај со 16 поени, пред Австрија и Словенија со 24, односно 27 поени.

Од балканските учеснички, освен Хрватска, другите не можат да се пофалат. Србија заврши на 17. место со само 54 поени, додека Словенија на 23 со 27 поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг