[ВИДЕО] На Хрватска за „влакнo“ ѝ побегна победата – еве како реагираше Бејби Лазања кога Швајцарија беше прогласена за победник на Евровизија

Точка

12/05/2024

09:45

10.250

Големина на фонт

а а а

Победата на Евровизија 2024 година ја однесе Швајцарија и Немо Метлер со песната „The Code“.

За голем фаворит важеше Хрватска и нејзиниот претставник Бејби Лазања со песната „Rim Tim Tagi Dim“, меѓутоа победата сепак им „побегна“ во финалето.


Бејби Лазања доби најмногу гласови од публиката, 337 поени, додека пак Швајцарија доби 226 гласови од публиката.

На официјалниот Инстаграм профил на Евровизија објавен е моментот кога како победник се прогласува Швајцарија.

Бејби Лазања ја избегна победата „за влакно“, а во видеото во продолжение погледнете ја неговата реакција во текот на прогласувањето на победникот.

Да ве потсетиме, Швајцарија и Немо Метлер го освои првото место во финалето на Евровизија 2024. Немо во фото-финишот на натпреварот беше второ место на обложувалниците, а после гласањето сепак успеа да го добие првото место.

Веќе со месеци наназад главен фаворит беше Бејби Лазања од Хрватска и се наоѓаше на првото место за победа на обложувалниците, а синоќа сепак заврши на второто место.


Прва изјава на Бејби Лазања

„Беше супер, напнато, драго ми е што завршивме на второто место, среќен сум и задоволен. Секако, би ми било помило доколку завршевме први. Мислам дека дадовме сѐ од себе и дека публиката покажа дека направивме нешто што е добро“, изјавил тој.

„Мислам дека можеме да се гордееме со второто место. Јас се гордеам. Направивме сѐ како што треба, ние сме задоволни, знаеме дека мораме да дојдеме дома и мирно да спиеме“, порачал Лазања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг