Кој ќе победи во глобалната војна за жито?

Точка

20/03/2024

21:20

50.726

Големина на фонт

а а а

Шпанија, Италија и Франција и натаму купуваат руско жито. Москва минатата година испорача стотина илјади тони бесплатно жито во земји од Африка и Азија, а потпишала и големи договори со латиноамериканските држави.

Земјоделците ширум Европа излегле на улиците да протестираат поради неконтролираниот увоз на евтино жито од Украина.

Масовното незадоволство ги принудило владите во земјите членки на Европската унија да направат огромни отстапки за демонстрантите и така да ги поткопаат политичките врски на Киев со западните сојузници, пишува "Politico".


Главната причина зошто европските фармери не можат да ја продадат својата стока оваа година „нема никаква врска“ со Украина. Станува збор за Русија, бидејќи нејзината рекордна жетва и ненадминлив извоз довеле до намалување на цената на земјоделските добра, се наведува во анализата.

Благодарение на многу поволните временски прилики, Русија минатите две години одгледала невидена количина на пченица и успешно ја продала на светските пазари.


Тоа предизвикало бум на цените на житарките и ги свело на нивоа кои биле непрофитабилни за земјоделците во земји како Полска.

И покрај сето внимание на украинскиот увоз, некои земји од ЕУ продложуваат да купуваат евтини производи од Москва. Редовни купувачи на руското жито се Шпанија, Италија и Франција, се истакнува во статијата.


Поради политичката нестабилност во ЕУ, Русија во голема мера успеала да го тргне вниманието од себе со пренасочување на својот огромен извоз на пченица во други делови до светот, каде настојува да го задржи геополитичкото влијание.

Москва во текот на минатата година испорачала стотина илјади тони беслпатно жито во земји од Африка и Азија. Исто така потпишала и големи договори со латиноамериканските држави чии посеви биле уништени во екстремните временски услови, забележува политико.