Макрон: Нуклеарната програма на Иран е блиску до точката од која нема враќање

Макфакс

07/01/2025

10:07

1.818

Големина на фонт

а а а

Иранската програма за збогатување ураниум се приближува до точката од која нема враќање и европските партнери во нуклеарниот договор од 2015 година што истекува треба да размислат за повторно воведување санкции доколку нема напредок со Иран, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Говорејќи на годишната конференција пред француските амбасадори за надворешнополитичките цели за 2025 година, претседателот Макрон го опиша Иран како голем „стратешки и безбедносен предизвик“ за Франција и Европа. „Забрзувањето на нуклеарната програма не носи речиси до точка од која нема враќање“, рече Макрон.


Иран вели дека збогатува ураниум за мирни цели и ја засили програмата откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повлече Вашингтон од договорот во 2015 година за време на неговиот прв мандат и ги врати строгите американски санкции кон Техеран.

„Во наредните месеци ќе треба да се запрашаме дали треба да го искористиме… механизмот за враќање на санкциите“, рече Макрон, мислејќи на октомври 2025 година, кога официјално истекува договорот од 2015 година.


Макрон додаде дека иранските балистички ракети и поддршката за Русија, исто така, претставуваат закана за Европа и ќе станат едно од главните досиеја кое ќе се решава во дипломатијата со Трамп откако тој ќе ја преземе функцијата.