Привршува „медениот месец“ меѓу Доналд Трамп и неговиот „најдобар пријател“, милијардерот Илон Маск, откако новоизбраниот американски претседател наводно се изнервирал од однесувањето на најбогатиот човек на светот.
Додека јавниот судир меѓу Маск и сојузниците на Трамп во MAGA се продлабочува, што Лора Лумер го нарече „граѓанска војна“ за визите H1B, извори блиски до ситуацијата велат дека Трамп е уморен од постојаното присуство на сопственикот на SpaceX и медиумското внимание што го следи. Според Independent, „сто проценти Трамп е налутен“, вели извор кој работел на неговата кампања за реизбор, додавајќи:
„Постои една кинеска поговорка: „Два тигри не можат да живеат на иста планина.“
Друг извор открива повеќе детали за нивната врска:
„На почетокот имаше некоја магнетна привлечност меѓу нив, но сега изгледа дека односот може да стане грд. Трамп си е Трамп. Некој со такво присуство и влијание може да го иритира. Човекот доаѓа, вложува куп пари и потоа сака да преземе сè.“
Инсајдерот не верува дека Маск имал лоши намери, но „не можете едноставно да се претворите во сенка на претседателот.“
Трамп категорично ги отфрли гласините дека Маск би ја презел Овалната соба. Зборувајќи во Феникс минатата недела, тој изјави:
„Не, тој нема да биде претседател, можам да ви го гарантирам тоа. Јас сум сигурен. Знаете зошто? Тој не е роден овде. Но, лажните вести го знаат тоа.“
И покрај се, Маск и Трамп се зближија за време на кампањата во 2024 година. Милијардерот наводно донирал повеќе од четвртина милијарда долари за реизборната кампања на Трамп, а исто така изнајмил викендица блиску до Мар-а-Лаго.
По победата, Трамп го назначи Маск заедно со Вивек Рамасвами на чело на Канцеларијата за владина ефикасност, која ќе работи „надвор од владата.“
Проблемите ескалираа минатиот викенд, кога Трамп, според извештаи, испратил порака до Маск на Truth Social:
„Каде си? Кога ќе дојдеш во 'центарот на универзумот', Мар-а-Лаго? Бил Гејтс сака да дојде вечерва. Ни недостигаш ти и Х! Новогодишната ноќ ќе биде НЕВЕРОЈАТНА!!!“
Конфликтот околу визите H1B, во кој Маск зазеде силна позиција, дополнително ја разгоре ситуацијата.
„Причината поради која сум во Америка е визата H1B. Многумина од оние кои ги изградија SpaceX и Tesla се тука поради неа. Ќе водам борба за ова прашање каква што не можете да замислите,“ напиша Маск.
Трамп, пак, го поддржа Маск во оваа „граѓанска војна,“ велејќи за New York Post:
„Отсекогаш сум ги поддржувал тие визи. Имам многу работници со H1B визи на моите имоти. Тоа е одлична програма.“
И покрај сè, извор од кампањата вели:
„Медиумите го прикажуваат Маск како копретседател, но тој е спореден актер. Главниот ѕвезда е Трамп. Илон е тука за да ја засили пораката.“
Инсајдерот предупредува:
„Ако продолжи иритацијата, Маск може да биде 'исфрлен од тимот.' Ако не сте дел од семејството, не сте семејство.“