Како да препознаете и да се заштитите од психопат: Текст по кој ќе бидете во неверување од фактот колку сите сме опкружени со барем неколку психопати во нашиот живот

Точка

19/03/2024

12:10

4.891

Големина на фонт

а а а

Борис Теодосијевиќ е професионален тренер за деловни вештини и стручен советник во областа на бизнисот и личниот развој.

Автор е на книгата „Govorom do uspeha – moć javnog nastupa u vašim rukama“, како и на повеќе стручни трудови објавени во српските и странските стручни изданија, додека е во процес на пишување уште неколку други деловни книги, кои наскоро ќе пристигнат до читателите.

Во продолжение, ви го пренесуваме неговиот текст поврзан за психопатите во нашето опкружување – кој веруваме ќе ви промени извесни гледишта.


„Како можете вие лично да се заштитите од психопати? Кога велам психопат мислам буквално психопат.

Зборувајќи генерално за нив и што вие треба да направите, ајде да почнеме од многу едноставна гледна точка, односно од гледна точка на тоа како психопатите гледаат на вас, на сите нас.

Психопатите всушност претпоставуваат дека сите сме релативно глупави и дека треба да нè искористат. Кога ќе поминеме низ целата оваа приказна, ќе видите дека сите сме опкружени со барем неколку психопати во нашиот живот. Многу луѓе се тоа и никој не ги забележува, а ќе видите и како се прикриваат. Претпоставуваат дека сте глупави и дека треба да ве искористат, а од тоа како ќе реагирате зависи дали ќе бидете злоупотребени/искористени или не.

Пред сè, тие кога комуницираат со вас, провоцираат како „булинг“ на училиште или мобинг на работа – тоа е честа особина на психопатите. Нè провоцираат, а ние сме многу фини и културни.


Немојте да бидете љубезни по секоја цена и одбранете се себеси. Поентата е ние да научиме како да ги препознаеме особините и однесувањето на психопатите. Неколку работи ќе ви бидат значајни, бидејќи всушност ќе ви покажат какви се тие. Притоа, извесни ставки ќе ве изненадат.

Харизматични се

Психопатите се претежно, главно харизматични луѓе што е многу чудно – како е можно да бидат харизматични. Тие се добри говорници. Пример за ова е Адолф Хитлер, кој дефинитивно бил феноменален говорник. Секако, не ме разбирајте погрешно, тоа не значи дека сите добри говорници се воедно и психопати. Тие главно се добри говорници, тоа е дел од нивната харизма.

Преувеличуваат

Многу често тие ги преувеличуваат своите приказни, ја преувеличуваат важноста, преувеличуваат сè што говорат. По тоа ќе можете да ги препознаете.

Лажат

Една класична особина е тоа што многу лажат. Кога ги гледаме политичарите, меѓу нив најчесто има голем број психопати. Тие, секако, добро се кријат, но доколку се подложат на психолошка, реална, независна анализа од страна на експерти, верувајте дека повеќето од нив биле дијагностицирани како психопати. Знаат како да манипулираат, како луѓето размислуваат, прилично се добри, условно кажано, психолози, знаат како ќе реагирате на одредени работи.

Интелектуалци

Тоа се образовани луѓе кои завршиле училиште, факултети, знаат што сакаат. Тоа не се некои будалетинки од улица бидејќи таквите многу брзо завршуваат во затвор. Вистинските психопати не завршуваат зад решетки, барем не на почетокот. Лесно се преправаат. Тие се добри актери. Добро глумат и по тоа навистина можете да ги препознаете.

Измамници

Тие се вистински измамници. Тоа што се случува на улица, тие измами се ситници во споредба со она што го прави тој психопат, она што го прават политичарите, на пример.

Недостаток на чувства

Една од главните карактеристики е недостатокот на вистинските емоции. Понекогаш тие не се во состојба да чувствуваат ниту тага, ниту вина, срам, каење, па дури ниту љубов. Секако, немојте да земате здраво за готово сè што набројав, па на основа на еден знак да заклучите дека некој е психопат. Но, кога ги имате овие особини на едно место, можете да дојдете до одреден заклучок.


Импулсивни се

Брзо реагираат. Некои луѓе добро се кријат, едноставно учат да ги потиснуваат своите емоции, како што е гневот, бидејќи тој и те како се забележува на лицето. Сигурен сум дека имате многу примери во вашето опкружување, или во медиумите, кога ги снима камерата и ќе ги „улови“ во моментот на бес, па можете да го видите грчот на нивното лице.

Ризикуваат

Влегуваат во ризични работи, ризични однесувања.

Не се грижат за последиците

Ќе го направат нештото, па што сака нека биде. Не дека не планираат, се разбира дека да, но не им е гајле што ќе се случи. Ете, еден Хитлер не се грижел колку луѓе ќе загинат, тој бил тоа што е и го прави тоа што го прави.

„Победници“

Имаат чувство, став дека секогаш се победници, некој кој не може и не сака да изгуби. Го знаете тоа однесување, можете да го видите и кај децата и меѓу возрасните секако. Кога малите деца си играат и она едно дете, без разлика колку реално губи од друго дете се лути, ја прекинува играта, се кара … Тоа е веќе почеток на таквите емоции. Размислете добро дали вашите деца ја имаат оваа особина. Многу често таквите луѓе стануваат психопати, „никогаш не губат“, не сакаат да губат.

Доминираат со измама

Доминираат со лаги, манипулации, сакаат да бидат главни, претседатели на партии или што и да е. Се разбира, тоа не значи дека некој кој го има главниот збор во компанијата по дифолт е психопат. Набљудувајќи ги луѓето кои најчесто се занимаваат со јавна работа како што е политиката, многу често обичните луѓе не сакаат да се впуштаат во овие работи, некој пак, сака, со цел да помогне на државата и народот, додека некои тоа го прават исклучиво од себични причини.


Се бранат правејќи ве луди

Карактеристично за нив е што се бранат со тоа што ве прават луди, а доколку дадете аргументи за нешто што не се во право, ќе продолжат да се бранат грчевито, говорејќи „ма дај, ти си будала – не го гледаш тоа добро“ и со убедување како не сте во право. Како кога жената ќе го фати мажот во неверство и тој ѝ вели „ајде жено те молам, веројатно ми веруваш мене, а не на своите очи“. Па така, психопатите едноставно ќе ве убедат дека не сте во право.

’Секогаш се во право‘

Без оглед на тоа што се случува, тие секогаш се во право. Што и да се случува, тие се во право.

Никогаш не се извинуваат

Секогаш ќе се обидуваат да ви докажат дека се во право иако стопроцентно грешат. Но, не вреди. Луѓето се такви и тоа е нешто што е нивна специјалност.

Тоа беа особините на психопатот.

Доколку видите индивидуална особина кај некоја личност немојте веднаш да судите и да кажете дека тој некој е психопат. Но, доколку забележите повеќе или сите особини кај една иста личност, многу е веројатно таа личност да е психопат. Запрашајте се со кого си имате работа.

Голем дел од психопатите се контролираат. Пред сè, поради стравот од законот. Многумина од нив би направиле сè, но не смеат бидејќи ги знаат последиците, знаат што ќе им се случи доколку ги прекршат нормите на однесување. И покрај тоа што знаеме дека многумина од нив не се грижат за последиците, тие сепак имаат малку разум и велат ’во ред, јас не сакам да бидам новиот Хитлер, без оглед на тоа што би сакал да го направам тоа – бидејќи народот ќе ме линчува.

Како ние како поединци можеме да се одбраниме од психопатите?

Што да правиме, кога ќе го препознаеме ова, за да знаеме да се одбраниме?

Верувајте им на своите инстинкти

Како да ви кажам, го знаете она чувство во стомакот кога запознавате некого за првпат и нешто не е во ред, нешто ви се „превртува“ во желудникот? Обично тоа чувство не нè мами. Доколку чувствувате нешто, верувајте му на тој инстинкт и не го игнорирајте.


Прекинете го секој контакт

Откако ќе го препознаете ова и знаете дека навистина имате работа со психопат, прекинете со секаква комуникација. Значи, буквално нема малку сакам, малку не сакам. Буквално прекинете ја секоја форма на комуникација, без двоумење. Нема телефони, нема поздрав на улица, дружење, нема ништо.

Доколку не можеме да ја прекинеме комуникацијата затоа што тој некој е член на семејството или колега на работа, постојат и други начини да го направиме тоа.

Не ја ширете приказната

Не ја ширете приказната за тоа што ви се случува. Во смисла да го раскажете тоа на сите, пријатeлите и соседите. Не правете го тоа. Бидејќи голема е веројатноста дека тие (психопатите) веќе, а ако не сè уште, тогаш сигурно ќе допрат до вашите пријатели, соседи и ги убедат во нивната приказна – веројатно против вас. Доколку вие ја ширите приказната нема да си направите добро на себеси. Но, тоа не значи дека треба сè да задржите за себеси.

Побарајте стручна помош

Обратете се на полицијата, социјалните служби. Постојат сигурни куќи за жените. Немојте да дозволите тоа да ви се случува без да направите ништо. Немојте тоа да го правите. Знајте дека полицијата првично нема да направи ништо, за жал, но тоа ќе остане забележано. Кога ќе пријавите вториот пат, ќе дојдат дома да проверат што се случува и пак нема ништо посебно да се случи, но третиот пат ќе реагираат, ќе го уапсат човекот, ќе го однесат на разговор и слично. Постои процес кој полицијата го почитува, каде не реагира веднаш како што вие би сакале, но вие мора да го започнете и никако да не дозволите работите да се случуваат сами од себе.

Бидете цврсти

Не влегувајте во полемики со нив, молчете. Замолчете и оставете приказната да помине.

Документирајте сè

Снимете сè што се случува, снимајте тајно на вашиот телефон, макар и само разговорот. Сите мејлови кои ги имате, зачувајте ги.


Не сте вие виновни

Сфатете дека не е ваша вината! Тоа што ви се случува не е ваша вина. Некој ве малтретира или тепа, тоа не е ваша вина, запомнете го тоа. Не се обвинувајте себеси за ништо, бранете се! Доколку имате работа со такви луѓе, немојте да го оставите тоа така, работите сами од себе никогаш нема да се поправат. Мора да реагирате, мора да направите нешто за да ги подобрите работите.“