Двата славни бренда на суперавтомобили и недвижнини ги здружиле силите, а становите, како и нивната цена ќе ве остават без текст.
„Bugatti“ се здружил со дизајнерите на луксузните недвижнини „BinGhatti“ за да ги откријат култните станови во Дубаи.
Тоа била обединета визија на двата бренда, оддавајќи почит на духот на француската ривиера во срцето на метрополата Дубаи. Двете кули од 52 ката ги обединуваат восхитувачките бранови на плажата на француската ривиера и дините на пустините на Дубаи.
Како динамични скулптури, фасадата на апартманите „Bugatti Dubai“ нуди нова перспектива и чувство на проток од секој агол.
Зградата со хипер-форма е уште една восхитувачка знаменита зграда во Дубаи и има внимателно избран распоред за секој кат.
Секој стан нуди „волшебен поглед кон градот“ и панорамски поглед кон култните водени канали на Дубаи.
Со прозорци од подот до плафоните, високите плафони и отворени единици, резултатот е прозрачен и простран и изобилува со природна светлина.
Резиденциите ќе се пофалат и со „Bugatti“ мебел по мера со препознатливите елементи на дизајнот на брендот. Од легендарните „C-line“ во мебелот до исклучителните мотиви на потковица, деталите ги има во секој агол од недвижнините.
Оние кои престојуваат во оваа раскошна оаза ќе уживаат и во врвните содржини како што се плажа инспирирана од ривиера, приватен базен, џакузи, фитнес, ќе имаат и личен собар, како и две гаражи до пентхаусот со лифт кој ќе ги пренесува станарите до нивните раскошни домови.
Становите се наоѓаат во „Business Bay“, во близина на центарот на Дубаи, област која постојано се развива и не покажува знаци на забавување на развојот. Во суштина, очигледно е дека квартот ќе стане космополитски и луксузен во Дубаи. Подрачјето е незабележлив спој на високите станбени недвижнини со луксузни објекти, простори за забава и училишта во близина.
Во резиденцијата постојат 182 изградени единици. Достапни се двособни станови со големина од 200-340 метри квадратни, како и трисобни со големина од 380-620 метри квадратни.
Со почетна цена на продажба од 5,2 милиони долари, трошокот за овие недвижнини го одзема здивот, како и самата зграда.
Резиденцијата „Bugatti“ се предвидува да биде завршена во текот на четвртиот квартал од 2025 година. Плановите за плаќање се достапни: со 25 отсто како прва рата, 45 отсто во текот на градењето и 30 отсто при предавање на станот. Биткоинот исто така е прифатен како облик на плаќање со банкарски трансфер, кредитна картичка и чекови.