Дали сте знаеле дека на Инстаграм постои скриена видео-игра? Еве како можете да ја играте

Точка

12/03/2024

23:21

6.142

Големина на фонт

а а а

Сите знаат што е Инстаграм и за што се може да се користи, но дали знаете дека во него се крие и едноставна видеоигра која може да ви го скрати времето додека сте на пат или едноставно чекате некој да ви одговори на пораката.

Видеоиграта можете да ја играте на својот паметен телефон, а многу е едноставно да ја пуштите.

Доволно е да се влезе во апликацијата Инстаграм, да ја отворите опцијата за пораки, да одберете кој било разговор и да пратите емоџи. После тоа, тапнете неколку пати на емоџито и ќе се отвори прозорец во кој со повлекување на прстот по екранот управувате со своевидна „лопатка“ со која го одбивате емоџито во воздух. Целта е да го задржите емоџито што подолго во воздух. Играта потсетува на некои стари игри како „Paddle“.


Тоа што е посебно забавно е дека вие бирате со кое емоџи ќе играте. Односно, можете да одберете кое било емоџи од колекцијата.

Да, знаеме. Играта не е комплицирана, ниту премногу тешка. Но, можеби ќе ви го скрати времето кога ви е здодевно. А постарите корисници ќе ги врати во младоста кога таквите игри беа хит на компјутерите.