Една гарсониера која се наоѓа на Менхетен, Њујорк, стана популарна на социјалните мрежи поради високата цена за изнајмување и „уникатниот“ распоред.
Имено, Дејвид Окоча, кој има околу 59.000 следбеници, на својот Инстаграм профил секојдневно објавува различни имоти кои ги наоѓа во Њујорк, а овој пат споделил снимка од гарсониера чија месечна кирија изнесува 3495 долари (околу 3200 евра).
„Дали е ова најлошиот распоред кој сте го виделе?“, гласи објавата на Инстаграм.
Недвижнината поседува тоалет, недовршена туш кабина која се наоѓа веднаш зад кујната. Тушот нема врата, нема завеса, а кога ќе завршите со капење или туширање, ќе се најдете точно пред фрижидерот.
До туш кабината има врата која води до тоалетот, кој нема ниту мијалник ниту огледало. На видеото, мажот поминува покрај недовршената кујна и влегува во просторот кој е предвиден за дневна соба и прикажува ормар.
Дејвид тврди дека ова е една од најчудните недвижнини кои ги видел, бидејќи во ваков простор е речиси невозможно да се готви, чисти и тушира. Своето мислење во коментари го споделиле и корисниците на Инстаграм.
„Зарем никој нема да каже нешто за количината на мувла во тој валкан туш?“, „Сопственикот мора да е психијатар кој очигледно сака да го проучува оној кој би ја платил таа апсурдна цена за оваа дупка“, „Предлагам затворска казна за сите оние вклучени во ова изнајмување“, „Станот е депресивен“, „Ова не смее да чини повеќе од 500 долари месечно“, се само дел од коментарите.
Интересно, овој стан последен пат е изнајмен во 2020 година преку „StreetEasy“ по цена од 2100 долари месечно. Во краткиот опис се наведува дека станот има високи тавани, дрвени подови и се наоѓа во близина на врвни ресторани.