Истражување: Во кои земји од светот луѓето се чувствуваат „најбедно“?: Објавена листата според менталното здравје

Точка

09/03/2024

15:09

5.936

Големина на фонт

а а а

Мерењата на менталната благосостојба е тешка работа, но американската непрофитна организација „Sapien Labs“ се обидела тоа да го направи со својот извештај за менталната состојба во светот.

Користејќи ги податоците од 500.000 испитаници во 71 земја, се мерело како „внатрешната состојба на луѓето влијае на нивната способност да функционираат во животниот контекст“, со други зборови, менталната благосостојба во однос на опкружувањето.

Резултатите сугерирале дека без оглед на тоа што доживеале хуманитарна катастрофа, луѓето во Јемен функционираат подобро во релативна смисла, отколку Британците, Австалијанците и Ирците.


Податоците биле собирани по пат на процена на коефициентот на ментално здравје (MHQ), со оцена во распон од -100 до 200.

Поените под нула претставуваат оние „во неволја или кои се борат“, меѓу нула и 50 значи дека „издржуваат“, додека меѓу 50 и 100 значи дека „можат да го поднесат тоа“, а резултатите меѓу 100 и 200 значат „успех или напредување“.

Од 71 земја која се испитувала, интересно е што Велика Британија го зазела 70 место по прашањето на менталното здравје. На дното од листата се Бразил, Јужноафриканската Република, Велика Британија и Узбекистан.

Во студијата било наведено:

„Увидите во овие извештаи даваат загрижувачка слика за нашиот изглед после пандемијата. Итно мора подобро да го разбереме придвижувањето на нашата колективна ментална благосостојба, така што ќе можеме да ги усогласиме нашите амбиции и цели со вистинскиот просперитет на човековото битие“.

Во извештајот исто така се додава:

„Менталната благосостојба останала на најниско ниво после пандемијата, без никакви знаци на движење кон нивото кое го имала пред пандемијата. Во 2023 година како на глобално ниво така и на ниво на поединечни земји, резултатите на MHQ останале непроменети во однос на 2021 и 2022 година после остриот пад во текот на пандемијата“.


Првите десет земји на листата со најлоша ментална благосостојба се:

- Узбекистан;
- Велика Британија;
- Јужноафриканска Република;
- Бразил;
- Таџикистан;
- Австралија;
- Египет;
- Ирска;
- Ирак;
- Јемен.

Целокупната листа погледнете ја ТУКА.