„Ова не е добрососедско однесување“: Политичарите во Азија се искараа поради Тејлор Свифт

Точка

05/03/2024

13:31

1.830

Големина на фонт

а а а

Договорот на мегапопуларната американска пејачка Тејлор Свифт со организаторите на нејзините концерти во Сингапур, каде што ќе одржи дури 6 концерти во рамки на нејзината светска турнеја, прерасна во политичко прашање во југоисточна Азија.

Имено, Сингапур е единствената „станица“ во тој дел од светот каде што ќе настапува Свифт, а соседните земји го прогласија тоа за „непријателски чин“ на тој град-држава.


Сингапурската влада претходно објави дека ѝ дала дозвола за настап на Свифт, но не ги откри условите. Кога стана јасно дека условот бил Сингапур да биде единственото место во регионот каде што ќе настапува пејачката, реагираа лидерите на соседните земји, а особено незадоволни биле во Тајланд и Филипини кои изјавиле дека „ова не е добрососедско однесување“.

Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг исто така морал да се брани од напади поради договорот со Свифт за време на прес-конференцијата на регионалниот самит во Мелбурн, Австралија.


„Нашите агенции преговараа за аранжман со кој на Тејлор Свифт ѝ е овозможено доаѓање во Сингапур и според кој Сингапур е нејзината единствена „станица“ во југоисточна Азија. Се утврди дека е многу профитабилен аранжман во кој јас не гледам ништо непријателско“, рекол Ли.

Свифт ги изведе првите 3 од нејзините 6 распродадени концерти во Сингапур од 2-ри до 4-ти март, а ќе одржи уште 3 концерти од 7-ми до 9-ти март. Нејзината следна дестинација на турнејата ќе биде Лисабон, каде што ќе настапи на 24-ти и 25-ти мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг