Во пеколен финиш Макстил дојде до реми во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ

Точка

05/03/2024

10:50

46.206

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

ЕВН беа ефикасни во дуелот со А1 за сигруна победа

A1 1-11(1-5) ЕВН

А1: Ненад Трајков 12’

ЕВН: Дарко Стоилевски 6’ 9’ Вилијам Митев 7’ 25’ Никола Атанасов 15’ 24’ 32’ Хамза Јашараи 20’ 35’ Филип Огненовски 31’ 40’

Одличен почеток на натпреварот имаше екипата на ЕВН во дуелот со А1, тие уште од самиот старт се поставија офанзивно што им донесе рано водство во 6та минута со погодокот на Стоилевски. Екипата на ЕВН продолжи со одлична игра и успеа да го зголеми водството до 3-0 со погодок на Митев и вториот погодок на Стоилевски . Ова ја примора екипатана на А1 да направи тактички промени и да почне да напаѓа со брзи контра напади, оваа тактика вроди со плод па во 12та минута А1 преку Трајков успеа да намали на 1-3. Сепак до полувремето екипата на ЕВН ја имаше контролата врз играта па на паузата замина со предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Екипата на А1 не успеваше да ја пронајде својата игра па му дозволи на противникот резултатски да се одлепи. До самиот крај на натпреварот екипата на ЕВН ја имаше контролата врз играта и резултатот па на крајот славеше со убедливи 1-11.

Макпетрол ги искористи грешките на Матрикс за победа во овој дуел

Матрикс 3-7(2-2) Макпетрол

Матрикс: Тони Брњарчевски 5’ 15’ Ивица Алампиоски 27’

Макпетрол: Горан новаковски 2’ Наум Тауловски 10’ Мишо Ѓоргиовски 23’ 32’ 37’ 39’ Марко Костенцовски 40’

Динамично прво полувреме прикажаа екипите на Матрикс и Макпетрол, двете екипи уште од самиот почеток на овој натпревар започнаа со високо темпо на игра со фокус ставен на играта во нападот. Екипата на Макпетрол прва успеа да го отвори резултатот во 2та минута со погодокот на Новаковски, екипата на Матрикс за кратко успеа да возврати и преку Брњарчевски во 5та минута од полувремето успеа да израмни на 1-1. Екипата на Макпетрол успеа повторно да дојде до предност со погодокот на Тауловски , но Матрикс не дозволуваше резултатски противникот да се одвои па со вториот гол на Брњарчевски успеа да израмни на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам и со цврста игра на раб на фаул, двете екипи продолжија со израмнета игра што се одразуваше на резултатот кој во 27та минута беше 3-3. Во финишот од натпреварот екипата на Макпетрол ги искористи буквално сите грешки во одбраната на Матрикс и успеа да створи солидна предност која во вака израмнет натпревар беше недостижна. Во финишот блеснаа Ѓоргиоски и Костенцовски за да ја осигураат победата на Макпетрол со резултат од 3-7.

Во пеколен финиш Макстил дојде до реми во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 4-4(1-1) Макстил

Фабрика Карпош – ГИМ: Лазар Божиновски 8’ Тони Котев 21’ Филип Илиевски 22’ 23’

Макстил: Мартин Лазев 19’ Александар Божиновски 29’ Бурхан Етемов 36’ Бобан Бојковски 39ќ

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Макстил, двете екипи во ова полувреме влегоа силно мотивирани. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ прва дојде до предност во 8та минута од полувремето со погодок на Божиновски. Екипата на Максил по оваа негатива притискаше кон голот на Фабрика Карпош – ГИМ но тие одлично ја имаа поставено играта во одбраната па не дозволуваа лесен погодок. Екипата на Макстил во финишот на полувремето успеа на дојде до израмнување со погодокот на Лазев во 19та минута резултат со кој се замина на паузата. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ фуриозно го започна второт полувреме и за краток период со погодоците на Котев и Илевски успеа да дојде до солидна предност од 4-1 до 23та минута. Екипата на Макстил ги консолидира своите редови и во високо темпо на игра започна се почесто да се заканува кон голот на противникот. Ваквата офанзивна игра на Макстил донесе резултат па успеаа да ја намалат разликата на 4-2. Ова им даде дополнителен ветер во грб па во финишот од натпреварот тие успеаа да ја стопат разликата и со погодоците на Етемов и Бојковски во самиот финиш да дојдат израмнување на резултато на 4-4. Во последните секунди од натпреварот екипата на Фабрика Карпош имаше две одлични шанси да дојде до повторно водство но голманот на Макстил имаше одлични одбрани па овој натпревар заврши со реми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг