„Тоа се коментари на небитни и несреќни луѓе“: Ова е вистината на Махира која беше „линчувана“ од регионот бидејќи по смртта на нејзиниот сопруг повторно стапила во брак

Точка

04/03/2024

17:00

5.612

Големина на фонт

а а а

Махира на јавноста ѝ станала позната преку нејзината инспиративна приказна за љубовта и грижата за нејзиниот сопруг Есед, кој со години боледувал од мултиплекс склероза. Нивната приказна станала симбол на сила и љубов, инспирирајќи многу луѓе ширум регионот.

Махира била толку пожртвувана што во еден момент го носела на грб и го носела по скалите без ничија помош, но и покрај сè, по неговата смрт станала мета на злонамерни коментари бидејќи нашла нова љубов и стапила повторно во брак.


Овојпат, Махира проговорила за сè што се случувало откако се омажила по вторпат и колку лошите коментари ја повредуваат.

„Не гледај што ти зборуваат, туку кој го зборува тоа“

„Верувајте дека повеќето коментари не ги ни видов, со оглед на тоа дека беа премногу. Некои ги прочитав, а некои не. Дел од нив ми ги праќаа, но верувајте дека тоа мене не ме засега, ниту пак допре до мене. Јас многу добро знам која сум, што сум, па коментарите од некои небитни, несреќни луѓе не можат ниту да влијаат на мене. Не за џабе се вели: „Не гледај што ти рекол, туку кој“. Секој нормален ми посака сè најдобро и среќа, останатите се само останати“, раскажала Махира за порталот „Azra.ba“.


Новата љубов ја запознала преку социјалните мрежи

За „Azra“ открила и дека својот сегашен сопруг го запознала на социјалните мрежи и така одеднаш се родила голема љубов.


„Се запознавме преку социјалните мрежи. Ми лајкуваше нешто, секако влегов на неговиот профил и видов дека станува збор за навидум фино момче. Почнавме да пишуваме, ништо посебно, сè додека не направив една хуманитарна акција. Имено, требаше да изненадам едно момче со дрес со неговото име и на стори прашав дали некој знае каде може тоа да се изработи. Така се јави Саладин и сакаше токму тој да го донесе дресот. Бев со другарките на ифтар кога тој го доби својот дрес, во истиот хотел каде што беше и нашата свадба. Чекаше надвор, излегов и буквално му го „украдов“ дресот. Потоа ми напиша во порака дали сè е во ред. Бидејќи навистина само го зедов. Другарките беa зачудени бидејќи сето тоа им беше смешно. Оттогаш почнавме поинтензивно да се допишуваме и ете, ми се чини дека сè беше како од шега – а на крај брак.