Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, додека во Крушево врнежите се од дожд и снег, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 м. има во Крушево.
Како што соопшти ЈП Македонија пат, сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.







