На 24 март 2026 година, во 15:30 часот, во СВР Скопје, 45-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен за сума од 3.500 евра.
Според пријавеното, лицето што го измамило се претставило како вработен во полиција и му понудило да му помогне да ги врати парите – 40.000 евра што ги инвестирал во странска фирма, која претходно престанала да работи.
Откако услугата не била извршена, пријавителот се посомневал дека станува збор за измама и случајот го пријавил во полиција.
Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.








