Тајната на маиците на шефот на „Facebook“: Еве зошто секогаш носи сиво

Точка

04/03/2024

09:59

9.102

Големина на фонт

а а а

До слични модно правило се држеше и легендарниот Стив Џобс. Тој беше познат по фармерките и црната ролка која секогаш ја носеше, а тоа беше неговата униформа.

Сакам да си го поедноставам животот. Секојдневно морам да носам многу важни одлуки и така настојувам да се ослободам од оние неважните, рекол во 2014-та година шефот на „Facebook“, Марк Закерберг. Тоа било само дел од одговорот околу неговата култна сива маица. Имено, Закерберг од самиот почеток на „Facebook“ се облекувал исто, односно со панталоните и патиките комбинирал сива маица.

„Дури и наизглед безначајни одлуки како таа што ќе облечете или што ќе јадете за појадок ви одземаат време и енергија кои може да ги посветиме на поважни прашања“, порачал тој и додал дека не носи само една маица, туку има неколку исти во плакарот.


Десет години подоцна, сивата маица и натаму е дел од неговото модно изразување. Понекогаш облекува и одело, кошула или дуксер, но тоа е во ретки прилики.

Инаку, станува збор за маица од брендот „Brunello Cucinelli“ која чини и до 300 долари, пишува „Wmagazine“.

До слични модно правило се држеше и легендарниот Стив Џобс. Тој беше познат по фармерките и црната ролка која секогаш ја носеше, а тоа беше неговата униформа. Џобс исто така верувал дека енергијата и креативноста не треба да се трошат на безначајни одлуки, до таа мерка што им предлагал на вработените во „Apple“ секогаш да носат иста облека.