[ВИДЕО] Мате Римац со гордост го најави новиот мотор на „Bugatti“, звучи одлично

Точка

01/03/2024

20:04

8.021

Големина на фонт

а а а

Првиот поглед на новиот погон од „Bugatti“ ни го открива Мате Римац на својот профил на „Facebook“, каде со гордост го пренел промотивното видео.

Погледот на поклопот со натпис „V16“ открива оскудни информации. Дознаваме дека 8.0-литарскиот „quad-turbo W16“ мотор од „Veyron“ и „Chiron“ е минато и дека ќе го наследи хибриден погон. Она што секако е изненадување е тоа што Bugatti сепак не ја спушта шипката под 16 цилиндри.

Обилно електрифицираниот инженерски „скапоцен камен“ лесно би можел да има 2.000 КС, но тоа ќе биде полесно да се процени откако ќе дознаеме за каков вид на хибриден концепт станува збор. Исто така, работниот волумен на моторот е непознат.

A couple of pictures of early prototype V16s. This was actually in November 2022 and we already had full engines running...

Posted by Mate Rimac on Thursday, 29 February 2024

Сосема нов модел

Во новата објава Мате Римац покажа фотографии од раниот прототип на моторот од ноември 2022-ра година. Римац притоа потврдил дека сè ќе биде познато за неколку месеци. Исто така, во еден коментар нагласил дека моторот е развиен во соработка со партнерите, но сосема независно од „Volkswagen“ и „Porsche“.

Исто така, освен мотор и ѝ остатокот на автомобилот е развиен од нула.

„Ниту еден дел не е делен со „Chiron“, „Nevera“ или било кој друг автомобил“, заклучил Римац.

My precious 🥰 Coming soon…

Posted by Mate Rimac on Thursday, 29 February 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг