[ВИДЕО] Ја мрази Тесла, но купил три: Дал 800.000 евра за да ги „спаси“ од Кина

Точка

29/02/2024

17:06

7.936

Големина на фонт

а а а

Познатиот критичар на „TeslaTesla“, Ден О’Дод, издвоил речиси милион долари за три „нови“ „Roadster“ автомобили, кои биле заглавени во Кина 12 години.

Милијардерот и неговиот „The Dawn Project“ неодамна прикажале две реклами на „Superbowl“, во кои тврделе дека софтверот за автономно возење на „Tesla“ е многу опасен. И покрај тоа, токму О’Дод издвоил 800.000 долари за купување на три „Tesla Roadster“ возила стари повеќе од една деценија.

Автомобилите се појавиле во вестите минатата година кога биле откриени во транспортни контејнери во Кина, а компанијата од таа земја го купила во 2011-та година со намера да ги расклопи и проучи. На патот на тоа и застанале цариници кои го блокирале увозот, па автомобилите минале 12 години во контејнери пред да бидат вратени во САД.

Фотографиите од овие автомобили станале популарни минатата година, но приказната била заборавена сè додека екипата од ЈуТјуб каналот „What’s Inside“ не ги пронашла во работилницата која ја води специјалистот за „Roadster“ Карл Медок.

Било утврдено дека О’Дод всушност и не ги мрази толку возилата на „Tesla“ бидејќи покрај трите „кинески“ Роудстери поседува уште два примероци. Произведени се вкупно 2.000 меѓу 2008-ма и 2011-та.

На автомобилите вратени од Кина ќе им биде потребно многу внимание за да се вратат во возна состојба. Со оглед на тоа дека минале долго време без полнење, нивните батерии се уништени.

О’Дод, затоа, мора да потроши околу 100.000 долари на батерии, што е додаток на износот од 800.000 долари колку што чинеле автомобилите. Исто така, секој од трите електрични „Roadster“ автомобили мора да мине низ одредени „козметички поправки“. Кога автомобилите ќе бидат донесени во завршната состојба, О’Дод не планира да ги вози, туку ќе бидат чувани како музејски експонати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг