Анализа: 10 тендери чинеле над 175 милиони евра, или 3,3% од ланскиот буџет

Точка

27/02/2024

19:31

52.050

Големина на фонт

а а а

Јавните набавки се прават за некое тековно функционирање на јавна институција или за некоја инвестиција. Инвестициите се секогаш добредојдени ако се развојни. Тогаш тие имаат двојна улога: од една страна, се во функција на граѓаните и подобриот стандард, а од друга страна, го развиваат стопанството давајќи им работа на компаниите.

Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, направи анализа на десетте јавни набавки со најголема вредност на договор склучен во 2023 година. Нивниот збир покажа договорена вредност од над 175 милиони евра, што во споредба со минатогодишната расходна страна на планираниот државен буџет е околу 3,3 насто.

Самите договори за големите јавни набавки обично се рамковни, што значи дека можеби целосно се реализирале, а можеби не.

Највредниот договор од ТОП 10 јавни набавки во 2023 година „го лапнало“ Друштвото за производство, промет и услуги СТЕНТОН ГРАДБА ДООЕЛ с. Долно Оризари, Битола. Договорот чини 28,9 милиони евра, а носителот на набавката е Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Скопје, која во таканаречените „слободни зони“, каде што се обично странските компании, гради инфраструктура.

Вториот највреден договор е 26,3 милиони евра – ѝ бил доверен на италијанската компанија за инфраструктурни решенија ИРД ИНЖИНЕРИНГ СРЛ, а носител на набавката е Јавното претпријатие за државни патишта. 

ТОП 10 јавни набавки со најголема вредност на склучен договор во 2023 година

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.