[ФОТО] Овој автомобил е прогласен за најдобар во 2024-та година

Точка

27/02/2024

15:50

9.784

Големина на фонт

а а а

Европското жири го прогласи „Scenic E-Tech electric“ за Автомобил на годината за 2024-та година.

Резултатите се објавени во понеделник на 26-ти февруари на свеченост на Меѓународниот салон за автомобили во Женева.

По првиот круг гласање во ноември минатата година, „Scenic“ се нашол меѓу седумте финалисти: „BMW Series 5“, „BYD Seal“, „Kia EV9“, „Peugeot E-3008/3008“, „Renault Scenic“, „Toyota C-HR“ и „Volvo EX30“.


Победникот го бирало жири составено од 59 автомобилски новинари од 22 земји. „Scenic“ го освои првото место со 329 бода и по „Renault 16“ (1966), „Renault 9“ (1982), „Clio“ (1991), „Scenic“ (1997), „Megane“ (2003) и „Clio“ (2006) станало седмото возило на марката „Renault“ на кое му е доделено оваа награда.

„BMW Series 5“, кој завршил на второ место, бил блиску до „Scenic“, со вкупно 308 гласови, а го следи новото „Peugeot 3008“ со 197 гласови. Останатите финалисти биле под 200 поени. Четири од седум модели во финалето биле целосно електрични, вклучувајќи го победникот, а останатите три имале целосно електрични или плаг-ин верзии.


„Тоа признание ни потврдува дека ја донесовме вистинската одлука: рекорден досег, пространа и примамлива внатрешност и регулиран еколошки отпечаток. Кога на тоа ќе се додаде и уживањето во возењето и опремата достојна за едно „возило за живот“, како што е новиот панорамски кров или најновата генерација на мултимедиумскиот систем со вградени „Google“ услуги, можеме со сигурност да кажеме дека „Scenic“ има сè што е потребно да ја обезбеди својата позиција на европскиот пазар за електрични возила“, рекол Фабрис Камболиве, директор на „Renault“.


„Е-Tech Electric“ е електричен автомобил со мала (1.890) за таа класа на возила и компактни димензии (длабочина од 4,47), а поради големиот досег од ветените 625 километри е прикладен и за подолги патувања.

Првите нарачани примероци во европските салони пристигнуваат наскоро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг