Професијата и однесувањето во сообраќајот – кои се најагресивни возачи?

Точка

27/02/2024

09:48

7.884

Големина на фонт

а а а

Истражувањето направено меѓу британските возачи ја разоткрива врската меѓу професијата на возачите и нивните навики зад воланот.

Резултатите од анкетата откриваат дека лекарите го заземаат првото место по агресивноста во возењето, додека фризерите се најмирни возачи.

Истражувањето укажува на директна врска меѓу професијата и возачките навики, откривајќи кои професии се посклони кон пречекорување на брзината, несоодветно паркирање и опасно однесување во сообраќајот.

Според анкетата во која учествувале 2.000 Британци, градежниците се истакнале како најбрзи возачи.


Од друга страна, медицинските работници признаваат дека често имаат краток фитиљ додека возат, а повеќе од една четвртина од нив користат неприкладни гестикулации и викаат за да ги изразат своите фрустрации во текот на возењето.

Интересно е дека фризерите покажуваат посебна смиреност на патот. Речиси сите испитаници од оваа професија велат дека редовно ги пуштаат другите да се уфрлат пред нив, додека вработените во човечки ресурси имаат најмногу потешкотии со паркирање.

Електричарите, од друга страна, често забораваат да дадат сигнал при излегување од кружен тек, пишува „ThisisMoney“, пренесува „Jutarnji List“.


Анкетата исто така покажала дека адвокатите, вработените во медиумите и претприемачите најчесто претекуваат и се уфрлаат во друга лента кога не треба, покажувајќи склоност кон различно однесување.

У покрај ваквото однесување, повеќето возачи веруваат дека добро возат и водат сметка за безбедноста во сообраќајот, иако голем број од нив признаваат дека често се чувствуваат фрустрирано или нервозно додека возат.


Мнозинството смета дека возењето би било попријатно ако сите возачи се повнимателни.

Ова истражување не само што ја покажува поврзаноста меѓу професијата и начинот на возење, туку ја нагласува и важноста на љубезноста и трпението во сообраќајот, потсетувајќи дека нашето однесување зад воланот може да има големо влијание на општата безбедност во сообраќајот.