Новите податоци на „GSMA“ покажуваат дека на крајот од 2023-та во светот имало 4,7 милијарди корисници на мобилен интернет, или околу 58 проценти од светската популација.
Мобилните технологии и услуги во 2023-та година сочинувале 5,4 проценти од глобалното „BDP“, со приходи од околу 5,7 трилиони американски долари и речиси 5,5 милијарди луѓе кои ги користат, велат податоците од глобалното здружение „GSMA“ објавени денес, на првиот ден од Светскиот мобилен конгрес (MWC) во Барселона.
Отворајќи го конгресот, генералниот директор на „GMSA“ Матс Гранрид рекол дека преку мобилните оператори спроведува 65 проценти од светските мобилни врски.
Успешноста на операторите се огледува во тоа колку успеваат да дојдат до нови извори на приходи, унапредување на корисничкото искуство, но и заштеда во капиталните и оперативните вложувања.
„GSMA“ предвидува дека до 2025-та година мобилните оператори ќе мора да потрошат околу 1,1 трилион долари на капитални вложувања, во главно во 5G, чие лансирање се очекува на 30-тина нови пазари, во главно во Африка и Азија.
Важно е да се отклучи целосниот потенцијал на „5G“, бидејќи се уште не се користи во поголемиот дел од светот, рекол Гранрид.
Го оценил како напредок тоа што операторите ги зголемуваат комерцијалните капацитети на 5G мрежата, оценувајќи меѓутоа дека тоа не е доволно. Значајниот тренд означил приватни 5G мрежи, кои до крајот на 2022-ра година ги лансирале или тестирале околу 30 проценти од операторите, за тој број да се дуплира до крајот на 2023-та.
Новите податоци на „GSMA“ покажуваат дека на крајот од 2023-та во светот имало 4,7 милијарди корисници на мобилен интернет, или околу 58 проценти од светската популација, околу две милијарди повеќе отколку во 2015-та. Но, присутен е дигитален, односно мобилен јаз, бидејќи и натаму околу три милијарди луѓе живеат на подрачја без пристап до мобилни услуги, иако се покриени со мрежи, за што главните причини се општа или дигитална неписменост на луѓето и сиромаштија.
Вештачката интелигенција е голем тренд за целата индустрија, за што на „MWC“ најмногу се зборува, дали е оправдана и дали носи корист или не, или е „пренадувана“ и колку и кога разни индустрии ќе можат да ја прифатат со оглед на регулативите и други прашања.
За тоа ќе се зборува и следните годините, како и за други предизвици.
Трендовите се и „eSim“ (електронска, а не физичка сим картичка), паметна мобилност преку поврзани електрични возила, комерцијализација на дронови и дигитализација на железницата, како и силно присуство на мобилна технологија во финансиската, спортската и забавната индустрија.
„MWC“ во Барселона се одржува по 18 пат од 26. до 29. февруари и како најголем собир на глобалната мобилна индустрија во Европа собрал повеќе од 2.500 компании, повеќето од нив од Кина, а организаторите очекуваат околу 100.000 посетители.