Холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне неодамна откри дека имал 7 големи операции по снимањето на една сцена во хит-филмот.
Имено, 77-годишниот актер во новата сезона на шоуто „The Family Stallone“ откри дека за време на снимањето на сцената со борба со Стив Остин во филмот „The Expendables“ од 2010 година, се здобил со сериозни повреди на вратот и грбот.
„Правев глупави работи. Го режирав „The Expendables“ и се однесував како идиот. Се сеќавам на еден удар и всушност можев да почувствувам еден удар. Стив знаеше. Никогаш не закрепнав од првиот дел на „The Expendables“. По тој филм физички никогаш повеќе не бев истиот. Ги предупредив луѓето: Не правете акробации сами“, рече тој.
Неговата сопруга Џенифер Флавин изјавила дека тој се обидувал да ја прикрие болката преправајќи се дека ништо не се случило бидејќи не сакал да се знае дека имал толку многу операции.
„Силвестер се обидува да ја прикрие болката, преправајќи се дека тоа не се случило. Тој не сака луѓето да знаат дека имал толку многу операции на грбот. За нашето семејство е многу страшно секој пат кога мора да оди на операција бидејќи никогаш не се знае“, додала таа.
Ќерката Скарлет додала дека им било тешко да гледаат како нивниот татко поминува низ уште една болна операција. Инаку, на актерот му бил вметнат метал во вратот, имал спинална фузија и бил на лекување поради изместени рамена.