„Драг мој, наскоро ќе станеш идиот!“: Писмото на Умберто Еко до неговиот внук е нешто што секој човек треба да го прочита

Точка

19/02/2024

19:47

15.868

Големина на фонт

а а а

Писателот Умберто Еко е познат по својот наградуван роман „Името на розата“, додека во оваа прилика ви го пренесуваме неговото помалку познато, лично писмо до внукот кое мора да го прочита секој човек.

Умберто со сопругата Рената, професорка по уметност, има син и ќерка, а во продолжение прочитајте го писмото кој тој го напишал за неговиот внук:

„Драг мој внук,

Не би сакал ова писмо да звучи премногу поучно, да ти зборувам за љубовта кон соседите, татковината, човештвото и слично. Ти ова не би го ни слушал (веќе си полнолетен, а јас сум премногу стар), бидејќи системот на вредности толку се промени што моите препораки можеби не се ни соодветни. Значи, сакам да ти дадам само еден совет што може да ти биде од корист сега кога користиш паметни телефони. Нема да ти кажам да не го користиш телефонот од страв да не звучам како глупав старец. И јас самиот користам мобилен телефон. Би сакал да разговарам за болеста која ја зафати твојата генерација и онаа пред тебе, која веќе студира на универзитетите. Зборувам за губење на помнењето.


Вистина е дека ако сакате да знаете кој е Карло Велики или каде се наоѓа Куала Лумпур, само кликате на копче и веднаш ќе дознаете од интернет. Направете го тоа кога ви е потребно, а потоа зачувајте ја таа вест, ако ви затреба на пример, за на училиште. Лошата вест е дека сфаќањето дека компјутерот може да одговори на вашето прашање во секој момент, ве одвлекува од идејата да запомните нешто.

Овој феномен може да се спореди на следниов начин: знаејќи дека секогаш може да оди од една до друга улица со автобус или автомобил, човекот одлучува повеќе да не оди пешки. Но, ако престанете да одите, ќе се претворите во личност која е принудена да се движи во инвалидска количка. Ох, знам дека спортуваш и знаеш како да го набилдаш своето тело, но назад на мозокот. Мозокот е како мускулите на нозете. Ако престанеш да вежбаш, ќе стане млитав и ќе се претвориш во идиот. Покрај тоа, сите ние сме изложени на ризик да развиеме Алцхајмерова болест во староста, а еден од начините да ја избегнеме оваа неволја е да ја тренираме нашата меморија. Ова е мојот рецепт. Секое утро научи една кратка песна, како што бевме принудени да го правиме тоа кога бевме деца. Можеш да закажеш натпревар со твоите пријатели. Ако не ти се допаѓа поезијата, тогаш запомни го составот на фудбалскиот тим, но мораш да ги знаеш играчите не само на тимот за кој навиваш, туку и играчите на другите тимови, како и нивните претходни состави.


Натпреварувајте се во запомнувањето на насловите на книгите што сте ги прочитале. Дали твоите пријатели се сеќаваат на имињата на мускетарите од филмот и книгата „Тројцата мускетари“? Ако не сакате да ја читате „Тројцата мускетари“ (тогаш не знаете што пропуштате), играјте слична игра со книгата што сте ја прочитале.

Изгледа како игра, и всушност е игра, но ќе согледаш дека твојата глава е исполнета со ликови, приказни и секакви спомени.

Запрашајте се зошто компјутерот порано се нарекувал електронски мозок. Тоа е затоа што е замислен по моделот на нашиот мозок, со тоа што нашиот мозок е многу помоќен и подобар.

Мозокот е компјутер кој е секогаш со вас, неговите можности се прошируваат како резултат на вежбање, додека вашиот компјутер губи брзина по долготрајна употреба и треба да се замени веќе по неколку години. А вашиот мозок нема да ве изневери додека не наполните 90 години, а на 90 години, ако го вежбате, ќе помните повеќе отколку што помните сега. Исто така, бесплатно! Потоа, постои историска меморија, која не е поврзана со фактите од твојот живот или она што си го прочитал. Таа ги чува оние настани што се случиле пред твоето раѓање. Денес, кога одите во кино, треба да дојдете на почетокот на филмот. Кога ќе почне филмот, како да ве водат за рака цело време, објаснувајќи што се случува. Во мое време, можеше да влезеш во кино во секој момент, дури и среде филм. Многу настани веќе се случиле пред вашето пристигнување и моравте брзо да ги „фатите конците“. Ако ви се допаднал филмот, можевте да го погледнете повторно. Роден сум во време кога беше важно да знам и да разберам што се случило пред мене. Ова беше неопходно за подобро да ги разберам денешните настани.


Денес, училиштето треба да те научи да се сеќаваш на она што се случило пред да се родиш, но не сум видел дека го прави тоа како што треба. Различни истражувања покажуваат дека денешната младина, па дури и универзитетската младина, родена во 1990 година, не знае, а можеби и не сака да знае што се случило во 1980 година, а камоли што се случило пред 50 години.

Земете предвид дека можете да ја тренирате вашата меморија не само со помош на книги и списанија, туку и со помош на интернет.

Интернетот е корисен и за истражување на историјата, не само за разговор со друштвото. Како изумреле диносаурусите? Како се викал предокот на бикот? Пред 100 години имало повеќе тигри отколку денес, зошто? Кој бил вториот папа во историјата? Кога е создаден Мики Маус?

Би можел бесконечно да ги нижам овие прашања и сите тие би биле одлични теми за истражување. Сето ова мора да се запомни. Ќе дојде денот и ќе остариш, ако сето ова го научиш и запомниш, ќе се чувствуваш како да си живеел илјада години. А твоите пријатели кои не истражуваат, не читаат и не помнат, ќе живеат само еден мал, краток, мизерен живот“.