[ВИДЕО] „Хотелот на пропаста“ чинел неверојатни 700 милиони евра, а во него никогаш никој не престојувал

Точка

18/02/2024

15:07

105.187

Големина на фонт

а а а

Хотелот бил изграден во 80-тите години, а во него биле вложени 700 милиони евра, додека пак исто така него никој не го посетил, а поради тоа стекнал и не толку посакуван епитет – „хотел на пропаста“.

Станува збор за хотелот „Ryugyong Pyongyang“ во Северна Кореја, а неговата изградба била започната во 1987 година со големи планови да се отвори во текот на наредните две години.

Отворањето на хотелот било темпирано да се поклопи со Светскиот фестивал на младите и студентите во 1989 година, со дизајнерите кои имале намера да го срушат рекордот за највисок хотел во светот, титула која во тоа време ја имала Јужна Кореја.

Хотелот дизајниран е во необичен пирамидален облик и надминува 304 метри височина со 105 спратови, а дизајниран е да има дури 3.000 соби и пет ресторани.

Меѓутоа, без оглед на тоа што организаторите вложиле 700 милиони евра во проектот, напредокот во изградбата на зградата со години бил забавен.

Планираната висина ја достигнал во1992 година, но Северна Кореја паднала во економска криза и тогаш неговото градење било запрено, а кранот бил оставен на врвот од зградата.

Следните 16 години овој хотел останал празен, со својот голем, бетонски екстериер. Во тоа време градбата добила име „хотел на пропаста“.

По подолга пауза кранот бил отстранет, а хотелот обложен со метал и стакло што чинело речиси 170 милиони евра.

Кон крајот на 2012 година германската хотелска група „Кемпински“ објавила дека наредната година делумно ќе го отвори хотелот по свое управување. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна компанијата се повлекла.

Понатамошните делувања во хотелот се одвивале во 2018 година кога тој бил опремен со LED светла во обид да го направи малку поугледен за набљудувачите, како и натпис на којшто едноставно пишувало: „Hotel Ryugyong“. Сепак, хотелот сѐ уште не е отворен за резервации.