„GTA VI“ е закажана за 2025-та година: Еве што знаеме засега за најисчекуваната игра на деценијата

Точка

13/02/2024

16:48

6.324

Големина на фонт

а а а

Издавачот „Take-Two“ неодамна даде прецизни информации за датумот на излегувањето на играта „GTA VI“, која без дилеми е најисчекуван наслов на деценијата. Играта прв пат е откриена во декември минатата година, откако фановите минале десет години уживајќи во претходното издание, „GTA V“.

Иако претходните изјави од „Take-Two“ укажувале на тоа дека играта ќе биде достапна во првиот квартал на 2025-та година, најновите планови на компанијата сега сугерираат дека излегувањето би можело да биде одложено за подоцна во текот на таа година.

Се очекува дека излегувањето на „GTA VI“ ќе има значајно влијание на целокупната индустрија. Неодамна извршниот директор на компанијата „Ubisoft“ призна дека лансирањето на оваа игра позитивно ќе влијае на индустријата (мислејќи на својата компанија), придонесувајќи за подобрување на продажбата и ангажирање на играчи.

Во текот на неодамнешниот состанок за заработката, „GTA VI“ била често споменувана, што не е изненадување, а издавачот открил неколку нови детали за самата игра.


Извршниот директор на „Take-Two“ зборувал за развојот на играта и истакнал дека „Rockstar Games“ се труди да постигне совршенство во нејзиното создавање. Сличен коментар е веќе даден минатата година, најавувајќи дека развојниот тим нема да брза со објавувањето на играта.

Иако претходните прогнози за приходите силно укажувале на појавување на играта меѓу јануари и март 2025-та година, сега изгледа дека „Take-Two“ е подготвен да го одложи излегувањето на играта за подоцна во текот на годината.

Најновите изјави укажуваат на поголеми прогнози во приходите во фискалната 2026-та година, што сугерира дека „GTA VI“ би можела да биде издадена после март 2025-та.


„Очекуваме раст во фискалната 2026-та година во однос на 2025-та, така што тоа не е променето“.

Издавачот порано очекувал приходи од повеќе од 8 милијарди долари во фискалната 2025-та година, но најновите прогнози се намалени на 8 милијарди долари.

„Бројката е над 7 милијарди долари за нето резервации“, изјавила главната финансиска директорка на „Take-Two“ Лејни Голдстин.

Фискалната 2026-та година сугерира дека „GTA VI“ би можела да биде издадена кон крајот на таа година, односно од септември до ноември, што би било во склад со претходните изданија на „Rockstar“.