Француска естетика: Блејзер со копчиња по примерот на Шанел
Кога станува збор за француската естетика се согласуваме е една од доминантните на модната сцена.
Голем број на дами секојдневно црпат инспирација токму од стилот на Французинките за којшто знаеме дека е беспрекорен.
А помеѓу сите парчиња облека, се наоѓа и безвременскиот блејзер налик на креацијата од Коко Шанел. Украсен со шармантни копчиња, тој со себе носи елеганција и софистицираност на едно повисоко ниво.

Голем број на брендови од типот на Зара, Манго и Бершка имаат свои варијанти на блејзерот од Шанел кои што можат да се комбинираат за секакви прилики.
Класични или кропирани модели, ваше е да одберете во зависност од тоа што сакате да истакнете. Покрај варијантата од твид којашто е заштитен знак на Шанел, овие блејзери можат да бидат и од волна и плетени.
Одлични се за ладното време, а во однос на боите доминира неутралната палета. Земјените тонови можете да ги комбинирате со повеќе различни парчиња, а доколку се одлучите за шарен блејзер тогаш истиот нека биде во фокус на вашиот стајлинг.




















