Најдолговечното семејство на светот секој ден јаде потполно ист ручек - еве од што се состои нивниот оброк

Точка

02/02/2024

10:32

7.212

Големина на фонт

а а а

Во потрага по тајните на долгиот и здрав живот, многумина се свртуваат кон навиките на жителите на сините зони. Станува збор за подрачја во Италија, Грција, Јапонија, Костарика и Соединетите Американски Држави, каде има најголема концентрација на стогодишници.

Истражувачот Ден Бутнер со години ги проучува навиките на луѓето во сините зони. Во неодамнешната објава на Инстаграм, тој сподели што јаде најдолговечното семејство на светот секој ден.

Семејството Мелис од Сардинија во Италија го држи светскиот рекорд по долговечност. Во 2012 година, тие го соборија светскиот рекорд како семејство со најголема комбинирана возраст. Деветте браќа и сестри заедно имаат 861 година. Најстариот член на семејството има 109 години.

Интересно е што членовите на семејството Мелис секој ден јадат потполно ист ручек: минестроне супа направена од три вида грав (гарбанцо, пинто и бел грав), леб од кисело тесто и чаша црвено вино. Овој оброк е типичен за сините зони бидејќи се состои од цели намирници од растително потекло.

„Луѓето кои живеат најдолго и најздраво, јадат половина до една шолја грав секој ден. Покрај тоа, минестроне супата е богата со зеленчук, што многу придонесува за долговечноста“, тврди диететичарката Саманта Касети.


Лебот од кисело тесто е подобар избор од белиот леб

Истражувањата покажуваат дека консумирањето триесет уникатни растителни намирници неделно може да ја подобри разноликоста на цревата, што е показател за здрави црева. Ова е важно бидејќи цревата ги регулираат здравствените функции, како што се крвниот притисок и холестеролот, воспалението, расположението, тежината и апсорпцијата на хранливи материи.


„Природно ферментираниот леб од кисело тесто не произведува скокови на шеќер во крвта како белиот леб, што помага да се одржи поздраво ниво на шеќер. Со текот на времето, високото ниво на шеќер во крвта може да придонесе за инсулинска резистенција и дијабетес тип 2“, изјавила Касети за „Today“.

Алкохолот може да го зголеми нивото на добриот ХДЛ холестерол, но дури и еден пијалак дневно е поврзан со други здравствени ризици. Затоа Европскиот истражувачки совет размислува да го исфрли црвеното вино од препорачаните намирници кои се консумираат во склоп на медитеранската диета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг